Останато
Стопанска комора: Извезуваат само 5 отсто од македонските фирми


Малите и средните претпријатија (МСП) многу малку учествуваат во извозната структура на земјава. Соработката со странство главно ја реализираат во ИТ секторот, но не и во сегментите кои подразбираат увоз на суровина и репроматеријали, за потоа да се пресмета некаква додадена вредност.
“Само пет отсто од македонските компании извезуваат. Притоа доминираат големите претпријатија. Кај малите и средните оваа бројка е уште помала, а мал е и нивниот удел”, рече прес-конференција во Стопанската комора, професорот Виктор Стојмановски.
Стојмановски, кој е и координатор на Европската мрежа на мали и средни претпријатија (ЕЕН) за земјава, истакна дека сите околу 3.000 домашни МСП ги добиваат услугите, а целта е промоција надвор, интернационализација на дејноста и изнаоѓање бизнис партнери.
“Досега преку ЕЕН која функционира 11 години во 60 земји, се склучени 7.000 деловни партнерства, 44 проценти од фирмите го зголемиле својот обрт, 40 отсто почнале нов бизнис, речиси 50 проценти развиле нов производ, услуга или имплементирале новина во работењето, тројца од четворица клиенти успеале да излезат на нови пазари, а секој четврти дошол до нов бизнис соработник”, рече Стојмановски.
ЕЕН овозможила и 2.400 компании да аплицираат за средства од европските фондови.
Мрежните услуги на ЕЕН вклучуваат деловна соработка на ЕЕН за прекугранично вмрежување, учество на меѓународни деловни состаноци, помош со трансфер на технологија, заштита на интелектуална сопственост, развој на истражувачки проекти, помош со регулативите на ЕУ, како и обезбедување информации за употреба на фондовите на ЕУ.
Останато
Извозот во првите шест месеци зголемен за 20,2%, а увозот за 28,7 проценти


Вкупната вредност на извозот од земјава во периодот јануари – јуни 2022 година изнесува 4.097.486.000 евра и бележи раст од 20,2 проценти во однос на истиот период лани, додека вредноста на увезената стока е 5.974.699.000 евра што е зголемување за 28,7 проценти, соопшти Државниот завод за статистика. (more…)
Криптовалути
(ВИДЕО) Спојувањето на етериум може да ја поттикне цената на биткоинот нагоре!?


Популарниот крипто-аналитичар Бенџамин Кауен анализира како етериум може да ја поттикне цената на најпознатата криптовалута биткоинот нагоре. (more…)
- Останатопред 3 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Депозитипред 1 month
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 1 month
Ова лето можеш сè
- Кредитипред 2 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 1 month
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје