Connect with us

Домашни банки

Стопанска Банка со 5 милиони евра профит месечно

Објавено

на

„Стопанска банка Скопје“ оствари добивка од 31 милиони евра за првите шест месеци годинава и оствари финансиски резултат што е за 46% подобар од истиот период лани, покажуваат официјалните финансиски резултати што ги објави таа голема банка. На пола година секоја обична акција носи добивка повисока од 100 денари. „Стопанска банка“ за половина година работење оствари 84% од профитот што го направи за цела година, лани и официјалните податоци покажуваат дека оваа година ќе биде најдобра во работењето на банката досега.

„Стопанска банка Скопје“ има најдобар финансиски резултат за половина година кога ќе се спореди со најжестоката конкуренција : „Комерцијална банка“ и НЛБ Банка кои остварија солидни добивки за првото полугодие, но се значајно пониски од добивката на „Стопанска банка“. Достапните податоци покажуваат дека значајно влијаение врз позитивниот финансиски резултат има решавањето на отвореното прашања со големиот клиент „ФЕНИ Индустри“, затворањето на неговата предстечајна постапка и продажбата за банкарските побарувања на новите сопственици на комбинатот.

Банката во првото полугодие успеала солидно да ги зголеми нето приходите од камати, а истовремено значајно да ги намали расходите од камати. До крај на јуни нето приходот од камати е 30,81 милиони евра и е поголем за 1,2 милиони евра од лани. Истовремено приходот од камати е 36,47 милиони евра и е зголемен за 550.000 евра од лани. Расходот за камати е намален за 810.000 евра. Растат и приходите и нето приходите од провизии и надоместоци. На крајот на јуни на нето основа тие изнесуваат 8,07 милиони евра.

Во билансот на состојба значајна тенденција е растот на кредитирањето. Нивото на кредити на 30 јуни надмина една милијарда евра и бележи раст од 14,7 милиони евра за 6 месеци. Раст бележат и вложувањата на банката во хартии од вредност и тоа за 11,3 милиони евра до износ од 112,4 милиони евра.

Кај обврските голем раст се забележува кај депозитите на други банки во „Стопанска банка Скопје“. Тие пораснале за шест месеци за 9 милиони евра до износ од 10,9 милиони евра. Депозитите на коминтентите пораснале за 39,4 милиони евра до износ од 1,188 милијарди евра.

Најголема расходна ставка е трошокот за вработени – тој е поголем за 470.000 евра од лани и изнесува 6,7 милиони евра.

Домашни банки

Вработените во Комерцијална банка донираа храна во соработка со НО „Љубезност“

Објавено

на

Банката донираше повеќе од 20 пакети храна, неопходни за преживување на студените зимски денови кои следат. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Централна Кооперативна Банка ќе издаде конвертибилна обврзница

Објавено

на

Централна кооперативна банка (ЦКБ) ќе издаде конвертибилна обврзница со која ќе се задолжи за 5 милиони евра. Веста е содржана во предлог одлуката што ќе се најде на претстојното вонредно акционерско собрание на таа банка закажано за 14 ноември.  (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Силк Роуд Банка ја опреми со постелнина Детската клиника во Скопје

Објавено

на

Силк Роуд Банка АД ја предаде првата донација за Универзитетската клиника за детски болести во Скопје што произлезе од потпишаниот меморандум за соработка, со кој банката прерасна во долгорочен партнер на Клиниката.

Со оваа донација на Силк Роуд Банка се овозможи целосно обновување на постелнините на сите креветчиња на Клиниката за детски болести. Средствата за набавка на новата постелнина во износ од 212 илјади денари, се обезбедени на тој начин што за секоја трансакција со Американ Експрес картичките на Силк Роуд Банка, банката одвојува по пет денари за потребите на Клинката.

„Среќни сме што ја реализиравме првата донација во рамки на нашето парнерство со Клиниката за детски болести. Со нетрпение ги очекуваме и следните донации со кои сакаме да ѝ помогнеме на Клиниката во остварување на нејзината благородна мисија. Горди сме што заедно со нашите клиенти го спроведуваме овој долгорочен проект со кој веруваме дека ќе придонесеме за уште подобра здравствена грижа за најмладите“, изјави Ролф Шнебели, претседател на Управниот одбор на Силк Роуд банка.

Релизацијата на првата донација од долгорочното партнерство помеѓу Силк Роуд банка и Универзитетската клиника за детски болести ја поздрави и Министерството за здравство.

„Здравствениот систем, како исклучително комплексен сегмент од секое општество, има потреба од поддршка и од приватниот сектор. Состојбите во здравството ќе бидат на многу повисоко ниво доколку сите општествени фактори ја споделат грижата за него. Оттука ја поздравувам оваа иницијатива која е јасен показател за високата свест и општествена одговорност на Силк Роуд банка и воедно ја користам оваа прилика да ги повикам и останатите компании да го следат примерот на оваа банка“, истакна министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче.

Универзитетската клиника за детски болести е единствена здравстена установа од ваков вид во Република Македонија. Во просек, годишно, на оваа клиника болнички се лекуваат над 7 400 деца, а повеќе од 5 4000 деца добиват амбулантска, специјалистичка и субспецијалистичка педијатриска грижа.

„Првата донација од Силк Роуд Банка доаѓа во вистинско време, затоа што набавката на нова постелнината за целата болница е повеќе од неопходна. Овој модел за соработка меѓу нашата Клинката со Силк Роуд Банка функционира одлично и ни овозможува реализација за унапредување на условите во Клиниката. Придобивки ќе имаат децата пацинети, но и персоналот“, вели д-р Катерина Ставриќ, директорка на Универзитетската клиника за детски болести.

Покрај соработката со Клиниката за детски болести, Силк Роуд Банка континуирано реализира и други општествено одговорни активности, меѓу кои: поддршка на активностите на Црвениот крст на Град Скопје, на Домот за деца без родители „11. Октомври“ и учеството во обезбедување помош на жителите на Стајковци погодени од катастрофалните поплави во 2016-та година.

Силк Роуд Банка е единствена банка во Македонија со 100% швајцарски капитал и е ексклузивен застапник за Американ Експрес картичките во земјава.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange