Домашни банки
Стопанска банка со поддршка за „Инвеститорскиот ден“ во организација на Македонска берза на 18.9.2020 година

Стопанска банка АД – Скопје, како Банка со најдолга традиција на македонскиот пазар, постојано вложува во финансиската едукација и писменост преку посебни активности и кампањи, но и преку секојдневните интеракции со своите клиенти и сограѓани.
Оттука, Банката обезбедува безрезервна поддршка и за „Инвеститорскиот ден“ во организација на Македонска берза АД – Скопје, по повод 25 години од основачкото собрание на Берзата.
Оваа активност има за цел да поттикне поактивно учество на домашните индивидуални инвеститори на македонскиот пазар на хартии од вредност и вложување на населението во акции издадени од домашните компании што се тргуваат на Македонска берза, односно зголемување на знаењето за овие финансиски инструменти и подобрување на инвестициската култура на пазарот.
Поддршката на „Инвеститорскиот ден“ Банката ја изразува со тоа што домашните физички лица можат да тргуваат со акции на сите пазарни сегменти без трансакциски трошоци на 18.09.2020 година. Притоа, потребно е да бидат исполнети следните услови:
- Инвеститорите да склучат нормални трансакции со акции преку БЕСТ системот,
- Износот на остварениот дневен промет по индивидуален инвеститор да не изнесува повеќе од 10.000 евра, независно од бројот на берзански трансакции преку кои истиот ќе биде остварен;
- Трансакциите да бидат склучени преку клиентска, односно сопственичка сметка.
Повеќе информации околу „Инвеститорски ден“ клиентите може да најдат на веб страницата на Македонска берза АД – Скопје.
Домашни банки
Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

Банките се двигатели на секоја економија, а нивната одговорност кон клиентите е повеќеслојна и поеднакво се однесува и на бизнисите (правните лица) и на поединците (физичките лица). (more…)
Домашни банки
Доделен автомобилот TESLA на среќниот добитник во наградната игра на Стопанска банка АД – Скопје

Најсреќниот добитник во големата наградна игра на Стопанска банка, Ацо Савиќ, вчера (23 ноември) пред просториите на Банката во центарот на Скопје ги доби клучевите од новиот автомобил TESLA model 3. Автомобилот е главната награда од наградната игра на Стопанска банка со Mastercard платежните картички „Најбрзо до Тесла возило со СБ”, која траеше од 1 јули до 31 октомври. (more…)
Домашни банки
ЕБОР одобри 9 милиони ЕУР кредит на ПроКредит Банка во Северна Македонија

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) доделува нови средства за поддршка на младите претприемачи и основање на бизниси, како и за промовирање на зелени финансии во Северна Македонија, преку финансискиот пакет од 9 милиони ЕУР одобрен за ПроКредит Банка. (more…)
- Домашни банкипред 2 months
Халкбанк со тројца нови членови на Управниот одбор – Беркан Имери, Александар Иљов и Мухамед Хаџипази
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 1 month
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 4 weeks
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје