Connect with us

Домашни банки

Стопанска банка АД- Скопје дел од здружената акција за заштеда на електрична енергија

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје како членка на Македонската Банкараска Асоцијација се приклучи кон здружената акција за заштеда на електрична енергија и полесно надминување на електричната криза. За таа цел, Банката во целост го пренесува соопштението на Македонската Банкараска Асоцијација за здружена акција на членките со цел заштеда на електрична енергија:

„Откако на 9.11.2021 година Владата на Република Северна Македонија прогласи кризна состојба во енергетската енергетскиот сектор во траење од 30 дена, Македонската банкарска асоцијација (МБА) го координираше своето членство и едногласно ја поддржа иницијативата според која сите експозитури и централни објекти на членките ќе ги изгаснат светлечките реклами во период од 30 дена.

Со овој чекор, Банките и штедилниците придонесуваат кон заштеда на електрична енергија и даваат пример за здружено општествено одговорно однесување кое дополнително се пренесува и до сите вработени кај членките, со препорака за рационално користење на електричната енергија не само во работните простории туку и во домовите.

Со колективни едукативни акции од овој вид можеме долгорочно позитивно да влијаеме врз предизвиците со кои се соочуваме глобално како што се заштитата на животната средина и намалување на ефектите од климатските промени.

Македонската банкарска асоцијација им благодари на членките за брзиот одзив на предложената иницијатива, но и бројните досегашни активности кои ги преземаат во поглед на одржливост и подигнување на еколошката свест.”, се вели во соопштението на МБА.

Домашни банки

Именувани тројца нови членови на Управниот одбор на НЛБ д.д. Љубљана, меѓу кои и Антонио Аргир

Објавено

на

На вчерашниот прв состанок на Надзорниот одбор на НЛБ д.д Љубљана годинава, членовите се фокусираа на имплементација на стратегијата на НЛБ Групацијата и статусот на вклучување на факторите за управување со еколошките и социјални аспекти во деловниот модел на НЛБ Групацијата. На седницата, Надзорниот одбор назначи и тројца нови членови на Управниот одбор, со што истиот се прошири на вкупно шест члена. За нови членови на Управниот одбор на НЛБ д.д именувани се: Хедвика Усеник, Антонио Аргир и Андреј Ласиќ. Сите доаѓаат од НЛБ д.д или НЛБ Групацијата, имаат долгогодишно искуство и се веќе докажани во својата работа. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје изврши измена и дополнување во тарифите за надоместоци за физички лица

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите клиенти дека воведува нови и врши измена на некои од постојните надоместоци во тарифата за физички лица, при што ги утврдува следните надоместоци: (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ТТК Банка: Известување за работно време на филијали и експозитури на 19.1.2022 година (среда)

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани корисници дека по повод претстојниот празник – Богојавление (Водици), на 19.1.2022 година (среда) ќе работат следните филијали и експозитури на Банката: (more…)

Продолжи со читање

Популарно