Connect with us

Домашни банки

Стопанска банка работи согласно законите и јасно дефинираните права на сите родови на акции!

Објавено

на

Изминатиов период, дел од медиумите информираа за случувања поврзани со Стопанска банкa АД – Скопје и пренесоа неточни информации изнесени од дел од имателите на приоритетни акции.

Затоа, би сакале да ви ја претставиме реалната состојба, заснована на факти, а не на шпекулативни намери и погрешни толкувања.

Сите правни постапки што Банката ги води, се целосно поддржани од факти и аргументи, при што Банката се потпира на непристрасноста на судскиот систем, почитувајќи ги неговите пресуди.

Законот за трговски друштва јасно ги дефинира сите видови акции и правата кои тие ги носат.

Приоритетни: се акции што немаат право на глас во Собранието на акционери, но имаат право на кумулативно загарантирана (фиксна) дивиденда што се исплаќа годишно во однапред определен износ, без оглед дали се остварува профит или не; во случај на загуба, износот се акумулира и се плаќа следна година кога ќе се оствари профит.

Обични акции: носат право на глас во Собранието на акционери и имаат право на променлива дивиденда, во година кога се остварува добивка, но само доколку Собранието на акционери одлучи да исплати, што ја прави клучната разлика помеѓу обичните и приоритетните акции. Законот во Република Северна Македонија не препознава или дефинира хибридна форма на приоритетни акции. Односно приоритетните акции не можат во исто време да бидат и приоритетни акции, и да ги имаат правата на обичните акции. Во Стопанска банкa АД – Скопје има над 5.000 акционери кои поседуваат два рода на акции- обични акции – приоритетни кумулативни акции  – акции се издадени во 90-тите години со точно наведено право согласно Одлуки на Собрание на акционери на Банката: право на кумулативна загарантирана (фиксна) дивиденда.

Но, кога се зборува за акции и исплата на дивиденда треба да се знае и историјата на процесите кои се случувале во Банката.

Во периодот од 2000 до 2019 година, се исплаќа гарантираната кумулативна дивиденда на приоритетните акционери, поради природата на нивните акции. Во исто време, сопствениците на обични акции не добиваа дивиденда од 2000 година до 2015 година, бидејќи Банката работеше со загуба во првите 5 години, а во следните 10 години добивката се реинвестираше. Докапитализацијата беше спроведена со цел развој и окрупнување на Банката, со цел во иднина да се овозможи поголема поддршка за економијата и компаниите, а Стопанска банка да биде силна банка со најголем капитал и највисоко кредитно портфолио, еден од столбовите на банкарскиот систем и економијата.

Повеќе од 20 години (од 1996 до 2016 година) ниту еден акционер не го оспорува Статутот на Банката или статусот и правата на акциите. Особено, приоритетните акционери беа задоволни што примаат дивиденда секоја година, дури и во најтешките години за Банката, без да учествуваат во било каква поддршка за Банката, која во тоа време била потребна. Од друга страна, обичните акционери не добиваа дивиденда сите тие години, наместо тоа, тие ја поддржаа Банката со цел таа да го има потребниот капитал и финансиска моќ, со што помогнаа да стане лидер во банкарскиот систем денес. Кога дојде време имателите на обични акции да земат дивиденда, после 20 години молчење, дел од имателите на приоритетни акции одеднаш бараат поинакви права и учество во дивидендата наменета за обичните акционери.

Со едноставни зборови, тие инсистираат на тоа дека нивните акции не се само приоритетни кумулативни, туку хибридни (кумулативни и партиципативни во исто време) но, притоа хибридни само за дивидендата, но не и за одговорноста да ја поддржат Банката со капитал.

Со тоа се прави обид да се манипулира јавноста и медиумите, иако е повеќе од јасно дека приоритетните акции се кумулативни и во никој случај не се хибридни! Тие не можат да учествуваат во распределбата на добивката на Банката со право како обични акционери. Таквото право може да се добие само со Одлука на Собранието на акционери (што не е донесена до овој момент). Ова значи дека сите претходни одлуки на Собранието на акционери се законски и нема никаков основ за нивно побивање или поништување.

Барањето на дел на имателите на приоритени акции тие акции да станат партиципативни, не е потврдено со ниту една одлука на Собранието на акционери на Банката, ниту такво нешто е евидентирано во Централниот депозитар за хартии од вредност како единствена надлежна институција за официјална евиденција на издадените хартии од вредност во нашата земја.

Во време кога Статутот на Банката е јасен, Законот за трговски друштва е јасен, Одлуките на Собранието на Банката од 90-тите за издавање на овие акции се јасни, неверојатно е дека некој се обидува да заработи заобиколувајќи ги законите и произволно објаснувајќи одредби од Законот.

Судската одлука, на која дел од приоритетните акционери се повикуваат, е неправосилна и Банката цврсто верува дека во понатамошните фази на постапката пред надлежните судови целосно ќе се потврдат позициите и аргументите на Банката, кои секако се потврдени многу пати досега од сите релевантни институции вклучително и од истакнати правни експерти во Република С. Македонија, во последните две децении.

Домашни банки

Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

Објавено

на

Банките се двигатели на секоја економија, а нивната одговорност кон клиентите е повеќеслојна и поеднакво се однесува и на бизнисите (правните лица) и на поединците (физичките лица). (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Доделен автомобилот TESLA на среќниот добитник во наградната игра на Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Најсреќниот добитник во големата наградна игра на Стопанска банка, Ацо Савиќ, вчера (23 ноември) пред просториите на Банката во центарот на Скопје ги доби клучевите од новиот автомобил TESLA model 3. Автомобилот е главната награда од наградната игра на Стопанска банка со Mastercard платежните картички „Најбрзо до Тесла возило со СБ”, која траеше од 1 јули до 31 октомври. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ЕБОР одобри 9 милиони ЕУР кредит на ПроКредит Банка во Северна Македонија

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) доделува нови средства за поддршка на младите претприемачи и основање на бизниси, како и за промовирање на зелени финансии во Северна Македонија, преку финансискиот пакет од 9 милиони ЕУР одобрен за ПроКредит Банка. (more…)

Продолжи со читање

Популарно