Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Домашни банки

Стопанска Банка го честита светскиот ден на штедење – 31.10.2018!

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје испраќа честитки до сите клиенти кои, преку совесно управување со личните финансии, заштедуваат и создаваат подобра иднина за себе и за своите семејства.

Светскиот ден на штедењето е прилика да се потсетиме на корисните аспекти на штедењето и повеќекратните бенефити како за физичките лица и за банкарскиот сектор така и за целокупната економија. Со креирање на солидна депозитна база, банкарскиот систем располага со средства со кои дава поттик на стопанството и креирањето на работни места што пак создава простор за дополнителни заштеди. На тој начин овој комплетен круг работи во взаемен интерес и е предуслов за безбедна и просперитетна иднина. Според г-а Анита Ангеловска – Бежовска, Гувернерката на НБРМ, во последните 10 години вкупните депозити растат во просек 8% годишно што придонесе кон постигнување на ниво на депозити од 55% од БДП во 2017та година.  Порастот е знак за високата доверба на граѓаните во банкарскиот сектор, којшто во целиот овој период остана здрав, стабилен, високо капитализиран и ликвиден. 

На свеченоста во организација на Македонската Банкарска Асоцијација, честитки испратија Гувернерката на НБРМ, Министерот за Финансии како и Претседателот на МБА а доделени беа и плакети за најдобрите банкарски службеници од банките и штедилниците во Македонија.

Со гордост ги посочуваме нашите колешки кои ги понесоа овие титули годинава и им посакуваме да продолжат со посветеноста и професионалноста со што ќе бидат пример и поттик за сите вработени на Банката.

  • Владанка Џекова Мицева – советник за продажба во филијала Гевгелија, Источен Регион
  • Мерита Ајрули Емини – советник за продажба во филијала Тетово Нова, Западен Регион
  • Елена Стевановска- раководител на служба за продажба во филијала Буњаковец, Регион Скопје

Во текот на октомври, месецот на штедењето, Банката ја посетија, организирано преку училиштата и градинките, над 1.200 деца (во i-bank store и филијалите низ Републиката) при што добија можност за кратка интерактивна презентација околу значењето на штедењето и можноста за креирање на таа навика од мали нозе. Децата, покрај презентацијата, при посетите цртаа, боеја и добиваа симболични ПЧЕЛКА подароци кои ќе продолжат да ги потсетуваат на потребата за штедење во текот на годината. Банката останува посветена да работи на финансиска едукација на своите сегашни и идни клиенти преку овој вид на посети и презентации. Заинтересираните училишта и градинки може во текот на целата година да се обратат до најблиската филијала и да побараат термин, за одржување презентација во просториите на Банката, кој најдобро ќе одговара за децата.

За крај, Стопанска банка АД – Скопје, заокружувајќи го месецот на штедење, одлучи на сите Пчелка депозити отворени во месец октомври да испрати посебна честитка со износ од 1.500денари кој ќе им биде уплатен на сметка на депозитот. Со овој симболичен гест ги поздравуваме децата и родителите кои одлучиле да создаваат трајни вредности за иднината и им благодариме што на Банката ја доверија својата заштеда. Заедно градиме и создаваме подобра иднина, штедејќи секој ден дел по дел. 

Домашни банки

Одличен успех на спортистите од Синдикатот при Стопанска банка АД – Скопје на Бофосијада 2019

Објавено

на

Синдикатот при Стопанска банка АД – Скопје секоја година зема активно учество на банкарските игри во Македонија, а овојпат учествуваше и на меѓународните спортски игри во Србија под името #Бофосијада 2019. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Рекорден број на учесници на јубилејното петто издание на “ВозиПравоВозиЗдраво”

Објавено

на

Петтото јубилејно издание на #ВозиПравоВозиЗдраво во организација на Стопанска банка АД-Скопје помина со најголем број учесници, нов старт, повеќе подароци и вредна лотарија. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Второ место за Комерцијална банка на Банкарските спортски игри

Објавено

на

Комерцијална банка го освои второто место во генерален пласман на годинешните Банкарски спортски игри, со два бода заостанување зад првопласираниот. (more…)

Продолжи со читање
Unibanka_banner_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange