Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Домашни банки

Стопанска Банка а.д. Битола – 70 години верни и посветени на бизнисот и граѓаните

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола годинава прославува 70 години постоење, период во кој се докажа како верен поддржувач на работењето на бизнис заедницата и на граѓаните. Вчера, Банката го одбележа својот роденден во седиштето во Битола. Во Скопје, каде банката продолжи да го развива своето работење и својот раст во успешна македонска банка, која ги следи трендовите во современото банкарство, прославата е закажана за следната недела.

Довербата која Стопанска банка а.д. Битола ја ужива кај своите клиенти е само потврда повеќе за квалитетот на услугите и иновативноста на производите, кои корисниците лесно ги препознаа.

„Ова е свечен момент за сите вработени и клиенти на Стопанска банка а.д. Битола – 70 години постоење, раст и развој. Тука не застануваме. Веќе размислуваме за иновации и напредок во следните децении. Нашата визија е секој граѓанин и компанија на едноставен начин да ужива во поволностите кое ги носи модерното банкарство. Атрактивните производи, особено за младите, финансиската поддршка за издржани и просперитетни бизнис проекти и целокупната палета на производи што ги нудиме се резултат на трудот што секој вработен го оставил зад себе. Особено сме среќни и благодарни на довербата што нашите клиенти ни ја даваат. Тоа е силна мотивација и должност за уште поголема посветеност“, вели претседателот на Управниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола, д-р Владимир Ефтимоски.

Врската која банката веќе 70 години ја гради со своите клиенти, особено е зацврстена откако Стопанска Банка а.д. Битола почна да се трансформира во современа и динамична банка, која вложува во квалитетот на производот, брзината на услугата и во развојот на вработените. Карактеристики кои и овозможија да се докаже како една од најуспешните средни банки во Македонија, но и еден од најпосакуваните работодавачи во секторот. Стопанска банка а.д. Битола своето богато портфолио на услуги и финансиски производи го нуди во над 20 филијали низ Македонија.

Во пресрет на јубилејната 2018 година, Стопанска банка а.д. Битола по трет пат ги доби и наградите за најдобра банка за работа со физички лица и најдобра банка за работа со правни лица за 2017 година. Наградата ја доделува финансискиот магазин ,,Global Banking & Finance’’, а ова признание за посветеноста на банката кон своите клиенти е само дел од низата што Банката ги има како потврда на стабилноста и професионалноста.

„Ја користам оваа прилика да изразам голема благодарност до Управниот Одбор и до целиот менаџерски тим на Банката за нивниот непроценлив придонес. Нашата примарна цел е да бидеме успешни во работењето и постојано да го унапредуваме и надградуваме делувањето во сите сегменти, како што се односите со клиентите, понудата на производи и услуги, односот кон заедницата. Во ниту еден случај не треба да се заборават и инвестициите во вработените“, дополнува Претседателот на Управниот одбор на Банката, Ефтимоски.

Стопанска банка а.д. Битола ќе го одбележи овој голем јубилеј и со доделување годишни стипендии за тројца ученици од државното музичко училиште во Битола, со што ја потврдува својата, веќе докажана, општествена одговорност и преку поддршка за значајни културни вредности и млади таленти.

Домашни банки

ПроКредит Банка со награда за најеколошка компанија

Објавено

на

Согласно јавниот конкурс на Град Скопје за општествено одговорни компании ПроКредит Банка АД Скопје беше избрана како најеколошка компанија која има успешна примена на интерни стандарди и придонес во зачувување на животната средина. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Шпаркасе Банка започна да нуди услуги за тргување со хартии од вредност на странските пазари

Објавено

на

Шпаркасе Банка Македонија, во рамките на своето Одделение за работа со хартии од вредност, започна да ги нуди своите брокерски и старателски услуги во процесот на тргување со хартии од вредност на странските пазари.

Имено, со преминувањето на Република Северна Македонија во втората фаза од Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА), им се овозможи на домашните банки да посредуваат при купопродажба на хартии од вредност во странство, со што се отвориjа поголеми инвестициски можности за физичките и правните лица. Согласно со соодветните измени на законската и на подзаконската регулатива во оваа област, Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје презеде активности и соодветни подготовки за да биде една од првите банки што ќе им ги нудат овие услуги на своите клиенти.

Во рамките на инвестициското работење, Банката на своите клиенти им нуди брокерски и старателски услуги во 25 земји и на повеќе од 30-ина странски берзи – пазари на капитал, меѓу кои и најголемите берзи во светот: New York Stock, Exchange, NASDAQ, Börse Frankfurt, London Stock Exchange, Tokyo Stock Exchange и др.).

Услугите на странските пазари опфаќаат:

  1. Брокерски услуги: прием и пренос на налози за купување и продавање хартии од вредност на странски пазари на хартии од вредност и вршење дополнителни услуги за издавачите на хартии од вредност.
  2. Старателските услуги: чување хартии од вредност; порамнување, плаќање и извршување на трансакциите со хартии од вредност според старателски налози; наплата на приходи и известување за исплата на дивиденда, камата или доспевање на други побарувања од хартии од вредност; извршување старателски налози поврзани со корпоративни активности како и други услуги по барање и во договор со клиентите.

Со оваа услуга ќе им се овозможи на клиентите да ги алоцираат своите слободни парични средства и да го диверзифицираат портфолиото преку вложување и дисперзија на ризикот во хартии од вредност на странските финансиски пазари, каде што постои голема понуда на финансиски инструменти и хартии од вредност, повисока ликвидност и транспарентно корпоративно управување на компаниите издавачи. Покрај овие предности, би ги истакнале и можноста за индексирано вложување во т.н. индексни ЕТФ-фондови, можноста за инвестирање во странски должнички инструменти и управување со приносите и ризиците (преку вложување во инструменти од различни издавачи со различни доспевања и приноси), потоа инвестирање во инструменти на стоковите пазари и поврзани со движењето на цените на стоките (на пример, во злато, нафта, пченица, памук итн.) и други можности.

Сите детални информации околу можностите за инвестирањето на странски пазари, листата на пазари и тарифниците за услугите се јавно објавени во деловните простории на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, а исто така се достапни и на веб-страницата на Банката: https://sparkasse.mk. Заинтересираните клиенти ги повикуваме да нè контактираат и да закажат информативен состанок.

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ е првата овластена банка преку која ќе можете да тргувате со хартии од вредност на странските пазари

Објавено

на

НЛБ Банка со задоволство ги известува своите клиенти – физички и правни лица дека после неколку месечни интензивни подготовки за првпат во Македoнија ја овозможува услугата тргување со хартии од вредност на странски пазари. Со овој новитет, клиентите ќе можат да тргуваат со хартии од вредност на сите странски пазари, при што Банката ќе им обезбеди информации за настап на секој поединечен пазар како што се: информации за хартиите од вредност, трошоци за реализација на трансакциите, прием и пренос на налози за тргување и нивна реализација, чување на хартии од вредност-порамнување на реализираните трансакции и понатамошно водење на портфолиото. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange