Домашни банки
Стопанска банка а.д. Битола ќе подели 10.000 заштитни маски на пензионерите во Битола и ќе ги исплаќа пензиите почнувајќи од 24 април

Стопанска банка а.д. Битола во овој предизвикувачки период со кој сите се соочуваме вложува максимални напори за ефикасно, квалитетно, непречено и најважно од се безбедно работење и функционирање.
Грижата за своите клиенти, во секој аспект за Стопанска банка а.д. Битола е најважна и претставува приоритет. Во овој случај кога станува збор за повозрасните клиенти кои спаѓаат во посензитивна и поризична група на граѓани, Банката покрај основните протоколи на безбедност и заштита по кои работи се одлучи да преземе и дополнителни мерки за заштита.
Стопанска банка а.д. Битола бесплатно ќе подели 10.000 заштитни маски за повеќекратна употреба на пензионерите во Битола. Во истата насока, Банката предвремено и со целосно организиран распоред со цел да се избегне и минимизира било каков ризик ќе ги исплати пензиите за месец април.
Сите кои ја примаат пензијата преку Стопанска банка а.д. Битола со истата ќе може да располагаат преку мрежата на банкомати почнувајќи од 24.04.2020 година. Готовинската исплата на пензиите, во насока на целосна заштита на здравјето на клиентите и вработените ќе се спроведува во сите отворени експозитури на Банката, во 4 групи согласно следниот распоред составен според висината на пензијатa:
1. До 11.000 денари – 27.04.2020г. (понеделник)
2. 11.001-14.000 денари – 28.04.2020г. (вторник)
3. 14.001-18.000 денари – 29.04.2020г. (среда)
4. Над 18.001 денари – 30.04.2020г. (четврток)
Од Банката замолуваат за строго почитување на распоредот за подигнување на пензиите и во случај на посета на експозитурите придржување до сите препораки и мерки за заштита. Држете соодветно растојание при посетата и следете ги насоките кои ќе ви бидат дадени.
Истовремено, за сите оние кои користат картички, Стопанска банка а.д. Битола апелира на тоа широката мрежа на банкомати на Банката да се искористи за подигнување на пензиите со цел посетите на експозитурите да се сведат на минимум.
Домашни банки
Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

Банките се двигатели на секоја економија, а нивната одговорност кон клиентите е повеќеслојна и поеднакво се однесува и на бизнисите (правните лица) и на поединците (физичките лица). (more…)
Домашни банки
Доделен автомобилот TESLA на среќниот добитник во наградната игра на Стопанска банка АД – Скопје

Најсреќниот добитник во големата наградна игра на Стопанска банка, Ацо Савиќ, вчера (23 ноември) пред просториите на Банката во центарот на Скопје ги доби клучевите од новиот автомобил TESLA model 3. Автомобилот е главната награда од наградната игра на Стопанска банка со Mastercard платежните картички „Најбрзо до Тесла возило со СБ”, која траеше од 1 јули до 31 октомври. (more…)
Домашни банки
ЕБОР одобри 9 милиони ЕУР кредит на ПроКредит Банка во Северна Македонија

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) доделува нови средства за поддршка на младите претприемачи и основање на бизниси, како и за промовирање на зелени финансии во Северна Македонија, преку финансискиот пакет од 9 милиони ЕУР одобрен за ПроКредит Банка. (more…)
- Домашни банкипред 2 months
Халкбанк со тројца нови членови на Управниот одбор – Беркан Имери, Александар Иљов и Мухамед Хаџипази
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 1 month
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 4 weeks
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје