Connect with us

Домашни банки

Стопанска банка а.д Битола со силна поддршка за развојот на социјалното претприемништво во земјава

Објавено

на

Продолжуваат менторските средби помеѓу Добрите брендови и десетте невладини организации кои добија грантови и поддршка да се трансформираат во социјални претпријатија во рамки на проектот Smart Start, објави Фактор.

Минатата недела се одржа првата средба помеѓу Добриот бренд Стопанска банка а.д Битола и социјалното претпријатие „Паблик“ кое го издава добро познатото уличносписание Лице в лице. На оваа средба се разменија првични информации за бизнис плановите на „Паблик“ како и сферите каде Стопанска банка а.д. Битола може да понуди помош и know how со цел нивно зацврстување на пазарот и етаблирање.

Навистина сме среќни што сме ментори на Паблик. На располагање ќе ги ставиме сите наши оддели каде што ќе процениме дека Паблик ќе има корист од нив. Ова е една сосема поинаква општествено-одговорна активност на Стопанска банка а.д. Битола. Со ова не само што ќе помогнеме на социјалната економија, туку ќе помогнеме и на заедницата, пред сé во поглед на креирањето нови работни места и помош на ранливите категории. Паблик може да смета на стручна и искрена помош. Како банка располагаме со одлични вештини, знаења и искуство и сме убедени дека ова социјално претпријатије за многу скоро ќе биде еден од лидерите во социјалната економија и пример за останатите”, изјави Наташа Савова, директорка за маркетинг во Стопанска банка а.д. Битола.

Дополнително, Савова нагласи дека тимот на Стопанска банка а.д. Битола е подготвен да помогне и во делот на маркетинг и брендирање на производите кои „Паблик“ планира да ги пласира на пазарот во предновогодишниот период. Следната средба е закажана во текот на следниот месец, откако ќе банката ќе ги разгледа потребите за менторска поддршка на Паблик. Во својот бизнис план од „Паблик“ предвидуваат да ја прошират својата продажна понуда со сродни производи кои ќе го носат логото на Лице в лице како што се пенкала, бележници, маички, капи, подлошки за чаши и сл.

Домашни банки

Именувани тројца нови членови на Управниот одбор на НЛБ д.д. Љубљана, меѓу кои и Антонио Аргир

Објавено

на

На вчерашниот прв состанок на Надзорниот одбор на НЛБ д.д Љубљана годинава, членовите се фокусираа на имплементација на стратегијата на НЛБ Групацијата и статусот на вклучување на факторите за управување со еколошките и социјални аспекти во деловниот модел на НЛБ Групацијата. На седницата, Надзорниот одбор назначи и тројца нови членови на Управниот одбор, со што истиот се прошири на вкупно шест члена. За нови членови на Управниот одбор на НЛБ д.д именувани се: Хедвика Усеник, Антонио Аргир и Андреј Ласиќ. Сите доаѓаат од НЛБ д.д или НЛБ Групацијата, имаат долгогодишно искуство и се веќе докажани во својата работа. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје изврши измена и дополнување во тарифите за надоместоци за физички лица

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите клиенти дека воведува нови и врши измена на некои од постојните надоместоци во тарифата за физички лица, при што ги утврдува следните надоместоци: (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ТТК Банка: Известување за работно време на филијали и експозитури на 19.1.2022 година (среда)

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани корисници дека по повод претстојниот празник – Богојавление (Водици), на 19.1.2022 година (среда) ќе работат следните филијали и експозитури на Банката: (more…)

Продолжи со читање

Популарно