Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Домашни банки

Стопанска банка а.д. Битола со низа донации во пресрет на Новогодишните празници

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола и оваа година, традиционално во пресрет на Новогодишните празници изврши низа донации во различни институции во градот Битола.  Банката во текот на целата година активно спроведуваше голем број на општествено одговорни практики и донации, а водени од помислата дека празниците се за споделување радости и убави моменти Банката одлучи да ја заокружи годината со низа на донации во неколку институции во Битола.

Оваа година донацијата се доделува во Здравствениот дом ,,Д-р Хаим Абраванел’’ во Битола во примарната здравствена заштита и тоа во одделот каде се вршат прегледи на бебиња и деца од најрана возраст. Оваа донација на Банката ќе потпомогне престојот на децата во оваа установа да биде попријатен. Донацијата се состои од медицинска опрема – детски креветчиња, транспортни колички и ваги. Донацијата беше најавена и на вчерашниот настан на реотворањето на комплетно реновираната и ребрендирана експозитура на Стопанска банка а.д. Битола – Стара Зграда како уште еден подарок за клиентите на Банката и граѓаните на општина Битола.

Покрај ова, Банката како и секоја година особено внимание посвети на најмалите и донираше новогодишни пакетчиња во повеќе институции. Пакетчиња беа донирани во Здружението на родители на деца со аутизам ,, Марко Поло – Експлорер’’ во Битола, ОУ ,,Ѓорѓи Сугарев’’ во Битола во паралелките за деца со пречки во интелектуалниот развој, Здружението на родители на деца заболени од церебрална парализа во Битола, Здружението за развој на ромската заедница Сумнал и Општинската организација на Црвен Крст во Битола.

Стопанска банка а.д. Битола во своето 70 годишно постоење во фокусот на своите стратешки определби ја ставала грижата за општеството и за заедницата.  Како веќе докажана институција која активно во сите свои аспекти на работење ја вклучува и општествената одговорност, со особено задоволство секогаш ја завршува годината со донации посветени на најмалите сметајќи дека децата се оние од кои секогаш се добива најискрената радост.

Домашни банки

„УНИБанка” одбележа 15 години во Гостивар

Објавено

на

„УНИБанка” го прослави својот 15-годишен јубилеј на својата експозитура во Гостивар со елегантен коктел во ресторанот „Мон Блан”. На настанот присуствуваа над 100 клиенти, партнери и пријатели на банката од градот и од регионот. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Кредит со осигурени побарувања како обезбедување – нов продукт од ПроКредит Банка

Објавено

на

Малите и средни претпријатија во Северна Македонија се еден од клучите двигатели на економијата. Нивниот раст и развој директно придонесува за позитивни ефекти врз стапката на вработување, конкуретноста на пазарот и зголемување на извозот. Со цел остварување на своите визии и иновативни проекти, овие компании имаат потреба од кредитирање на краткорочните ликвидносни потреби, олеснет пристап до финансии и можност за брзо кредитирање. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка АД Скопје, Генерален покровител на концертот на Златко Ориѓански и Бени Шакири

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје е Генерален покровител на концертот на Златко Ориѓански и Бени Шакири, кој ќе се одржи на 20-ти април во Македонската Филхармонија. (more…)

Продолжи со читање
project

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange