Connect with us

Домашни банки

Стопанска банка а.д. Битола со моќен финансиски резултат за изминатата 2021 година – добивка од 345,1 милиони денари!

Објавено

на

Во текот на 2021 година, Стопанска банка а.д. Битола континуирано го приспособуваше своето работење според случувањата поврзани со пандемијата на ковид 19, која силно влијаеше на целокупниот домашен и глобален економски амбиент. Работејќи на натамошна дигитализација на производите, услугите и процесите со цел да се обезбеди безбедност и да се сочува здравјето, како и заради поголема достапност до клиентите, фокусот во изминатата година беше насочен кон засилена наплата што придонесе за остварување на значителен приход од наплата на претходно отпишано побарување.

Дејствувајќи проактивно во услови на динамично опкружување, Стопанска банка а.д. Битола оствари позитивен финансиски резултат за периодот 1.1.2021 – 31.12.2021 година, односно нето-добивка во износ од 345,10 милиони денари, а со тоа 2021 година е една од најуспешните во повеќедецениското работење на Банката.

Финансиски перформанси на Банката

Нето-приходите од камати за периодот 1.1.2021 – 31.12.2021 година се задржаа на релативно стабилно ниво и изнесуваат 290,42 милиони денари, без поголеми апсолутни промени во однос на остварените во истиот период од претходната година. Во услови на надолен тренд на активните каматни стапки на ниво на банкарски сектор, паралелно со намалувањето на основната каматна стапка на НБРСМ, како и неминовното влијание на ковид-кризата врз субјектите во економијата, приходите од камати се пониски за 2,25% споредено со минатата година, и покрај растот на кредитната активност.

Во извештајниот период се преземаа засилени активности за контрола на трошоците, меѓу кои и оптимизирање на изворите на средства и нивната цена, така што расходите по камати заблежаа подинамично намалување од 7,34%. Паралелно со промените во приходите и расходите, нето-приходите од камати се намалија за само 0,20% на годишна основа. Реализацијата на планот за нето-приходи од камати изнесува 82,15%.

Нето-приходите од провизии и надоместоци се повисоки за 10,72% споредено со претходната година. Притоа кај приходите од провизии и надоместоци беше евидентиран позначаен годишен раст од 22,68 милиони денари, одразувајќи го растот на провизиите главно во делот на кредитирање, како и приходите од провизии од картично работење, додека расходите за провизии и надоместоци растеа со побавно темпо и бележат зголемување од 7,93 милиони денари. Остварените нето-приходи од провизии и надоместоци се повисоки од планираните за 23,96%.

Нето-приходите од курсни разлики се позитивни во износ од 26,06 милиони денари и бележат зголемување од 24,42% на годишна основа. Остварувањето во оваа позиција го надминува планот за 2021 година за 4,25%.

Останатите приходи од дејноста се повисоки за 19,57%, а тоа е резултат на ослободувањето резервации за потенцијални обврски во тековната година, што не е случај во претходната година. Исто и во оваа позиција реализацијата е поголема од планот за 2021 година за 3,86%.

Исправката на вредноста на финансиските средства на нето-основа е позитивна во износ од 281,17 милиони денари, што главно се должи на ослободената исправка на вредноста од наплатата на претходно отпишано побарување нетирано со издвоената исправка на вредност за пласмани според проценките за квалитетот на кредитните изложености. Загубата поради оштетување на нефинансиските средства на нето- основа е позитивна и изнесува 18,21 милиони денари, следствено на продажба на дел од преземениот имот во согласност со поставените плански цели.

Трошоците за вработените бележат намалување од 0,52% споредено со претходната година, додека планот за анализираниот период кај оваа позиција е остварен со 94,54%. Останатите расходи од дејноста регистрираа контролиран годишен раст од 3,11%, а реализацијата на планот изнесува 96,24%. Амортизацијата на годишна основа бележи зголемување од 12,35%, одразувајќи ги промените во недвижностите и опремата. Реализацијата на планот во оваа позиција изнесува 84,44%.

Домашни банки

Известување од ТТК Банка за предвремена исплата на пензиите од денес (28-ми јуни 2022 година)

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани корисници дека почнувајќи од денес (28-ми јуни 2022 година), започна со исплата на пензијата за месец јуни на пензионерите кои ја примаат својата пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на нивната денарска сметка во ТТК Банка АД Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Финансиска помош од Комерцијална банка за организација на Светското првенство во шах за слепи во Охрид

Објавено

на

Во својата долгорочна мисија секогаш да им помогне и да излезе во пресрет на потребите на лицата со хендикеп, Комерцијална банка на свое големо задоволство финансиски ќе го помогне одржувањето на Светското првенство во шах за слепи и визуелно хендикепирани лица во Охрид. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Халкбанк започна со предвремена исплата на јунските пензии

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти пензионери дека пензиите за месец јуни се веќе на нивните сметки од денес (28.06.2022 – вторник) и истите можат слободно да ги користат при пазарење со своите платежни картички, преку електронското банкарство или за подигање преку АТМ-ите без провизии. (more…)

Продолжи со читање


Популарно