Connect with us

Домашни банки

Стопанска банка а.д. Битола почнувајќи од утре ќе ги исплаќа мартовските пензии

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола ги известува своите почитувани клиенти/пензионери дека исплатата на пензиите за овој месец ќе започне на 25.03 со тоа што во периодот од 25.03 до 27.03 сите пензионери кои ја добиваат пензијата во Стопанска банка а.д. Битола ќе можат да ги подигнат своите пензии на некој од банкоматите на Банката.

Почнувајќи од 28.03, покрај на банкоматите, исплатата на пензии ќе започне и во експозитурите на шалтерите на Банката.

Бидејќи во случајот станува збор за поризична и посензитивна група на граѓани, во насока на заштита на нивното здравје, а согласно препораките на институциите со цел превенција, и минимизирање на ризикот за ширење на вирусот Ковид-19, од Банката апелираат на тоа широката мрежа на банкомати на Стопанска банка а.д. Битола да се искористи за подигнување на пензиите, а посетите на експозитурите да се сведат на минимум.

Доколку се работи за случај кога е неопходно да се посети експозитурата, Банката Ве замолува да се придржувате до сите препораки и мерки за заштита. Држете соодветно растојание при посетата и следете ги насоките кои ќе Ви бидат дадени.

Чувајте се и бидете одговорни за вашето и здравјето на сите околу вас!

Домашни банки

Ново работно време на експозитурата Центар на Капитал Банка

Објавено

на

Капитал Банка АД Скопје ги известува своите клиенти дека од 01.06.2020 година Експозитурата Центар ќе работи од Понеделник-Петок 08-18 часот и Сабота 09-14 часот. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Експозитурата на УНИБанка во Битола отсега на нова поатрактивна локација

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека Експозитурата Битола се премести на нова локација во поголеми и посовремени простории во насока на подобрување на корисничкото искуство при користење на банкарските производи и услуги. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Јавен повик за учество на Собрание на акционери на ТТК Банка АД Скопје

Објавено

на

Врз основа на член 41 и член 42 од Статутот на ТТК Банка АД Скопје Надзорниот одбор на Банката објавува:

ЈАВЕН ПОВИК ДО АКЦИОНЕРИТЕ НА ТТК БАНКА

ЗА УЧЕСТВО НА XXXIV-ТА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА АКЦИОНЕРИ (more…)

Продолжи со читање

Популарно