Connect with us

Домашни банки

Стопанска банка а.д. Битола оствари профит од 1 милион евра за 9 месеци во 2018 година

Објавено

на

Од почетокот на 2018 година заклучно со 30.09.2018 година, фокусот во работењето на Стопанска банка а.д. Битола беше ставен врз остварување на клучните стратегиски и деловни цели дефинирани во Деловната политика, развојниот и финансискиот план на Банката за 2018-2022 година. Притоа, Банката постојано го приспособуваше своето работење на промените во домашните економски услови, модерните банкарски текови и глобалните пазарни случувања.

Во периодот 01.01. – 30.09.2018 година, Стопанска банка а.д. Битола оствари позитивен финансиски резултат, односно бруто-добивка во износ од 61,52 милиони денари, што е значително подобрување во однос на минатогодишниот деветмесечен резултат, кога добивката изнесуваше 40,27 милиони денари. Тековното остварување е одраз на интензивните активности за контрола на трошоците и ефикасност во работењето, како и раст на нето-приходите од редовното работење. Оперативниот резултат пред исправка на вредност и загуби за оштетување изнесува112,68 милиони денари, што претставува зголемување од 83,69% во однос на истиот период од минатата година.

Нето-приходите од камати, како најзначајна компонента во структурата на вкупните приходи, се повисоки за 10,86%, односно 25,16 милиони денари во однос на остварувањето за истиот период од минатата година. На страната на приходите од камати  остварен e годишен раст од 2,56%, кој раст главно е генериран од зголемено кредитирање на секторот домаќинствa, а во согласност со напорите за дисперзија на ризик и проширување на клиентската база. Следствено на пазарните движења и повеќекратните намалувања на пасивните каматни стапки, расходите за камати бележат годишно намалување од 14,48%. Планот на нето-приходи од камати за анализираниот период е остварен со 106,17%.

Нето-приходите од провизии и надоместоци се зголемени за 14,06 милиони денари, што претставува годишен раст од 19,41%. Приходите од провизии се зголемени за 12,33%, раст главно генериран од повисоки приходи од провизии од платен промет и кредитирање. На страната на расходите евидентирано е намалување од 7,71%. Планот на нето-приходи од провизии и надомести за анализираниот период е остварен со 106,53%.

Нето-курсните разлики се речиси непроменети во однос на минатогодишната реализација, додека планот за анализираниот период е остварен со 87,19%.

Останатите приходи од дејноста заклучно со септември 2018 година се помали за 7,36 милиони денари споредено со истиот период од минатата година, главно како резултат на пониски вонредни приходи вклучени во оваа категорија.

Исправката на вредноста на финансиските средства за анализираниот период на нето-основа е поголема за 16,63 милиони денари во однос на претходната година, што е одраз на промените во квалитетот на дел од постојното кредитно портфолио.

Во согласност со Одлуката за сметководствениот и регулаторниот третман на средства преземени врз основа на ненаплатени побарувања, заклучно со 30.9.2018 година, за анализираниот период евидентирана е загуба поради оштетувањето на нефинансиските средства на нето-основа во износ од 17,18 милиони денари.

Трошоците за вработените се повисоки за 1,32% споредено со периодот 1.1 – 30.9.2017 година. Планот за анализираниот период кај оваа позиција е остварен со 88,43%. Останатите расходи од дејноста се пониски за 16,39%. Планот за третиот квартал од тековната година е реализиран со 99,16%. Амортизацијата е зголемена за 1,85% на годишна основа, додека реализацијата на планот за анализираниот период изнесува 91,60%.

Очекувања за претстојниот период

Очекувањата за периодот што следува се во насока на стабилизирање на макроекономско опкружување, умерен раст на реалниот бруто-домашен производ и просечна годишна стапка на инфлација од околу 2%. Во согласност со Деловната политика, развојниот и финансискиот план во последниот квартал од тековната година, Банката ќе биде насочена кон остварување на поставените цели за 2018 година. Очекувана е умерена кредитна активност кај сегментот домаќинства и нефинансиски правни субјекти, при што главен извор на финансирање остануваат депозитите на комитенти и обврските по кредити. Ќе се вложуваат и масимални напори за подобрување на квалитетот на активата преку наплата на дел од нефункционалните кредити и продажба на преземен имот. Ефектот од планираните активности до крај на година заедно со реализацијата во периодот 01.01. – 30.09.2018 година претставуваат солидна основа за остварување на планските големини за 2018 година.

Домашни банки

ОТП банка не е соодветен купувач на Охридска банка!

Објавено

на

Преземањето на Охридска банка Сосиете Женерал, како и воопшто продажбата на подружниците на Сосиете Женерал во регионот е топ тема во банкарските кругови изминатиот период.

Иако претходно најавивме дека ОТП Банка бара соодветен модел за преземање на Охридска банка, сепак до таква трансакција нема да дојде. Неофицијално се коментира дека високи функционери во оваа унгарска банка биле вмешани во афери со перење на пари, што за НБРМ ги прави неповолен инвеститор за во Македонија. Официјалната причина сепак е дека рејтингот на ОТП група не е соодветен за преземање на подружница која припаѓа на Сосиете Женерал, која е мошне моќна групација.

Претходно, НБРМ обелодени дека дозвола за купување на Охридска банка ќе биде дадена само на купувач кој е на ист или повисок ранг од Сосиете Женарал. 

Дека Сосиете Женерал си заминува од балканот, а Охридска банка си заминува од Македонија е повеќе од јасно. Периодот што следи останува да се види која групација ќе биде официјалниот купувач.

Следува повеќе…

Продолжи со читање

Домашни банки

БАНКИТЕ ГО ПРОМЕНИЈА ИМЕТО НА ДРЖАВАТА, НАСКОРО ДОКУМЕНТИ СО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Објавено

на

Меѓуресорска работна група за извршување на обврските од конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните излезе со соопштение од одржан работен состанок.

На првиот состанок беа донесени следните одлуки во врска со потребните мерки и активности за извршување на обврските на Република Северна Македонија по влегувањето во сила на Конечната спогодба и Уставните амандмани и Уставен закон на 11 јануари 2019, денес на 12 февруари 2019, со индикативни временски рокови за нивна реализација:

  1. Царинската управа да стави налепници на таблите на граничните премини, државната граница на Република Северна Македонија и на двата аеродроми во Република Северна Македонија, во рок од 3 дена;
  2. Секторот за односи со јавност при Владата на Република Северна Македонија во рок од 7 дена да изработи Книга на графички стандарди со која ќе утврди стандарди за визуелен приказ на уставното име Република Северна Македонија во склоп со државниот грб како лого кое го користат државните институции за јавните табли на влезот од сите институции.
  3. Генералниот секретаријат во рок од 7 дена да изготви софтвер кој ќе ги содржи сите институции од државно и локално ниво, како и димензиите на јавните табли. Промената на сите табли, на централно и локално ниво, да се заврши во рок од 4 месеци.
  4. Сите институции да извршат промена на сите дигитални записи (логoа, меморандуми, електронски комуникации, веб страни, медиуми итн.) во рок од 3 дена.
  5. Сите институции треба соодветно да ги изменат меморандумите, печатените материјали, папките, индикаторите, во рок од 2 недели.  
  6. Министерството за надворешни работи, да ги замени таблите во министерството како и печатите и штембилите во министерството во рок од 2 недели, а во дипломатско-конзуларните претставништва во рок од 3 недели.
  7. Министерството за внатрешни работи да започне со издавање на нови регистерски таблички, во рок од 4 месеци. Во меѓувреме, како преодно решение, МВР ќе обезбеди налепници со ознака „NMK” за регистарските таблички на возилата.
  8. Министерството за внатрешни работи да ги преземе потребните мерки и активности за спроведување на решение во преодниот период до создавање технички претпоставки за издавање на нови патни исправи. Издавањето на нови пасоши да започне од крајот на 2019г. Во преодниот период, Министерството за внатрешни работи при излез од или влез во Република Северна Македонија, во постојните и новоиздадените во преодниот период патни исправи ќе биде ставен печат кој ќе појасни дека патните исправи припаѓаат на Република Северна Македонија.
  9. Народната банка, со оглед на комплексноста на постапката, да направи анализа и план на неопходните активности за постепена замена на банкнотите, со оценета временска динамика, во рамките на редовните нови емисии, водејќи сметка за макроекономската стабилност; првите нови банкноти со новото име на Народната банка би можеле да бидат изготвени на почетокот на 2020 г. и потоа, сукцесивно, да бидат целосно заменети најдоцна во рок од 5 години од отворањето на релевантното ЕУ поглавје.
  10. Сообраќајните знаци на меѓународните патни правци во земјата, давајќи предност на ендонимите (во англиска транскрипција) врз егзонимите (на македонски јазик во кирилско писмо) да се променат во рок од 2 месеци.
  11. Во рок од 6 месеци да се направи преглед и ревизија на статусот на спомениците, јавните згради и инфраструктура и доколку се однесува на античката хеленска историја и цивилизација како дел од историското наследство на Грција, да се преземат соодветни корективни мерки и активности.
  12. Во рок од 6 месеци, да се пристапи кон отстранување на симболот истакнат на поранешното национално знаме од целиот јавен простор и јавна употреба. Археолошките артефакти се изземени.

Согласно донесените Одлуки, банките во предвидените рокови ќе бидат обврзани називот од Република Македонија да го променат во Република Северна Македонија.

На англиски јазик, називот ќе гласи Republic of North Macedonia.

Промените ќе се имплементираат во Договори, Анекси, Дописи, веб страните, email комуникацијата и сите други документи каде се јавува името на државата.

Продолжи со читање

Домашни банки

TТК Банка АД Скопје ги намали каматните стапки на денарските и девизните депозити на физички лица

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ги намали каматните стапки на денарските и девизните депозити на физички лица што се должи на намалувањето на каматните стапки на благајничките и државните записи. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange