Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Домашни банки

Стопанска банка а.д. Битола оствари позитивен финансиски резултат за 2018 година

Објавено

на

Во текот на 2018 година Стопанска банка а.д. Битола работеше во насока на остварување на клучните стратегиски и деловни цели дефинирани во Деловната политика, развојниот и финансискиот план на Банката за 2018-2022 година, притоа прилагодувајќи го своето работење на промените во деловното окружување.

Стопанска банка а.д. Битола оствари позитивен финансиски резултат за 2018 година, односно нето-добивка во износ од 34,43 милиони денари. Добивката од работењето пред данок и исправка на вредност на финансиските и нефинансиските средства изнесува 136,11 милиони денари за разлика од минатата година, кога оваа добивка изнесуваше 79,86 милиони денари, што укажува на значително подобрување на способноста за генерирање приходи од редовното работење. Тековното остварување главно е резултат на повисоки нето-приходи од камати и провизии, како и ефикасно управување и контрола на трошоците, што придонесе за неутрализација на ефектот од зголемената исправка на вредност и загуба за оштетување.

Нето-приходите од камати се повисоки за 9,97%, односно 31,51 милиони денари во однос на остварувањето од минатата година. На страната на приходите од камати остварен e годишен раст од 3,05%, главно генериран од зголемено кредитирање на секторот домаќинствa со цел дисперзија на ризик и проширување на клиентската база. Следејќи ги движењата на пазарот од аспект на каматни стапки, расходите за камати бележат годишно намалување од 12,10%. Планот на нето-приходи од камати за анализираниот период е остварен со 107,68%.

Нето-приходите од провизии и надоместоци се зголемени за 11,94 милиони денари, што претставува годишен раст од 12,08%, при што приходите од провизии се зголемени за 8,41%, одразувајќи го растот на провизиите главно во делот на платен промет, додека на страната на расходите е евидентирано зголемување од 0,51%.
Планот на нето-приходи од провизии и надомести за анализираниот период е остварен со 102,34%.

Нето-курсните разлики бележат намалување од 4,85%, односно 1,12 милиони денари споредено со минатата година, додека планот е остварен со 84,76%. Останатите приходи од дејноста се пониски за 9,74 милиони денари споредено со претходната година, главно како резултат на пониски вонредни приходи вклучени во оваа категорија.

Исправката на вредноста на финансиските средства на нето-основа е поголема за 54,26 милиони денари во однос на исправката издвоена во 2017 година, што е одраз на процените на Банката околу кредитниот ризик, а врз основа на одредени настани што негативно се одразија во работењето кај неколку од клиентите.

Во согласност со Одлуката за сметководствениот и регулаторниот третман на средства преземени врз основа на ненаплатени побарувања, заклучно со 31.12.2018 година, евидентирана е загуба поради оштетувањето на нефинансиските средства на нето-основа во износ од 12,38 милиони денари.

Во година кога фокусот беше ставен врз понатамошна дигитализација и пресретнување на современите потреби на клиентите, трошоците за вработените се пониски за 0,53% споредено со 2017 година. Планот кај оваа позиција е остварен со 89,56%. Останатите расходи од дејноста се пониски за 13,79% на годишна основа, додека планот е реализиран со 101,57%. Амортизацијата е зголемена за 6,80%, а реализацијата на планот изнесува 93,67%.

Домашни банки

НЛБ Банка спонзор на настанот “5.FMCG SUMMIT Скопје 2019”

Објавено

на

НЛБ Банка е спонзор на настанот “5.FMCG SUMMIT Скопје 2019”, кој се одржува денес (16.05) и на едно место ги обедини трговците, дистрибутерите и производителите за да ги слушнат новитетите од најзначајните домашни, регионални и светски авторитети во FMCG секторот. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Добивката на Стопанска банка АД-Скопје намалена за неверојатни 42,9%

Објавено

на

Во периодот од 01.01.2019 до 31.03.2019 година Стопанска банка АД – Скопје (во натамошниот текст: СБ) оствари нето добивка пред оданочување во износ од 599.895 илјади денари, што претставува намалување за 42,9% споредено со нето добивката остварена во анализираниот период минатата година. Намалениот резултат во тековниот период се должи на ефектот од решениот статус на должникот Фени Кавадарци во првиот квартал од 2018, кога СБ склучи договор за продажба на своите побарувања со што во билансите на Банката беше евидентирано ослободување на исправката на вредност и истото имаше соодветен ефект врз остварениот финансиски резултат, објави банката преку соопштение на Македонска берза. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Работилница со ПроКредит Банка: Важноста на комуникациските вештини во процесот на селекција при вработување

Објавено

на

Важноста на комуникациските вештини при вработување е особено голема во модерното и динамично општество поради се поголемата конкуренција на пазарот на трудот. (more…)

Продолжи со читање
Unibanka_banner_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange