Connect with us

Домашни банки

Стопанска банка а.д. Битола оствари добивка од 43 милиони денари за 2017 година

Објавено

на

Главен акцент во работењето на Стопанска банка а.д. Битола во периодот 01.01 – 31.12.2017 година беше ставен врз креирање дополнителна вредност како за клиентите така и за Банката преку остварување на клучните стратегиски и деловни цели дефинирани во Деловната политика, развојниот и финансискиот план на Банката. Притоа, Банката го приспособуваше своето работење на промените во домашните економски услови, модерните банкарски текови и глобалните пазарни случувања.

Во периодот 01.01. – 31.12.2017 година, Стопанска банка а.д. Битола оствари позитивен финансиски резултат, односно нето-добивка во износ од 43,01 милиони денари, којa е повисокa за 43,06% во однос на минатогодишниот резултат. Тековното остварување првенствено е резултат на повисоките приходи од редовното работење, оптимизација на дел од трошоците преку поддршка на зголемениот обем на работа со постојан стручен кадар, наплата на дел од отпишаните побарувања евидентирани вонбилансно, како и издвоени помали загуби за оштетување на финансиските и нефинансиските средства. Ваквото остварување е речиси двојно поголемо во однос на планираното, односно нето-добивката го надминува планот за 82,16%.

Нето-приходите од камати се повисоки за 6,41%, односно 19,03 милиони денари во однос на остварувањето од минатата година, додека планот беше остварен со 103,72%. Кај приходите од камати беше евидентиран подинамичен годишен раст од 25,86 милиони денари, што генерално се должи на зголемено кредитирање на секторот домаќинства во согласност со напорите за дисперзија на ризик и проширување на клиентската база. Ова резултираше со остварување од 100,26% на планот кај приходите од камати. Доброто управување со изворите на средства и нивните цени придонесе за раст од само 6,83 милиони денари на страната на расходите, одразувајќи ги зголемениот депозитен потенцијал и високата доверба на јавноста во Банката. Сето ова придонесе за остварување пониски расходи за камати од планираните, односно процентот на исполнување на планот во оваа позиција изнесуваше 93,46%.

Нето-приходите од провизии и надоместоци се зголемени за 8,38 милиони денари, што претставува годишен раст од 9,26%. Ваквиот раст е одраз на зголемениот обем на кредитни работи, работи во платниот промет, работи со платежни картички и останати активности за чија реализација е определен надоместок кој генерира приход.
Главен фактор кој предизвика раст на страната на расходите беше воведувањето на новиот производ ‒ Master Card, чии ефекти во следната година се очекува да се рефлектираат на приходната страна. Со тоа беше постигнато остварување од 95,81% на планот кај нето-приходите од провизии и надоместоци.

Нето-курсните разлики се пониски за 1,34 милиони денари споредено со минатогодишното остварување, додека планот е остварен со 77,21%.

Останатите приходи од дејноста се пониски за 12,68 милиони денари, односно 21,74% споредено со 2016 година, кога беа преземени низа активности за продажба на дел од преземениот имот и намалување на неговото учество во вкупната актива на Банката, што придонесе за реализирање позначајни капитални добивки од продажба на преземен имот во тој период.

Исправката на вредноста на финансиските средства, на нето-основа, е пониска во однос на претходната година за 23,59%, што генерално се должи на оценет подобар квалитет на новите пласмани и на дел од постојното кредитното портфолио.

Загубата поради оштетување на нефинансиските средства, на нето-основа, за 2017 година изнесуваше само 2,97 милиони денари, што претставува помал износ за 78,31% споредено со минатата година. Ваквото остварување е резултат на доброто управување со преземениот имот и негова продажба во согласност со поставените плански цели.

Трошоците за вработените се пониски за 2,97% во однос на периодот 1.1 – 31.12.2016 година, што е одраз на настојувањата за поддршка на зголемениот обем на работа со постојниот стручен кадар во насока на подобрување на ефикасноста во работењето. Планот кај оваа позиција е остварен со 92,67%. Останатите расходи од дејноста се повисоки за 13,72%, што главно е резултат на повисоки трошоци за одржување и унапредување на системите за работа и опремата. Амортизацијата е зголемена за 16,89% на годишна основа, додека реализацијата на планот изнесува 101,14%.

Очекувања за претстојниот период

Очекувањата за периодот што следува се во насока на постепено стабилизирање на макроекономско опкружување и умерено забрзување на домашниот економски раст.
Во согласност со Деловната политика, развојниот и финансискиот план, Банката и во идниот период ќе биде фокусирана на понатамошно подобрување на квалитетот на кредитното портфолио и вкупната актива преку засилени активности за наплата на нефункционални кредити, одобрување нови изложености со прифатливо ниво на ризик и продажба на преземениот имот. Дополнително, Банката ќе го прилагоди работењето во согласност со новините предвидени со Меѓународниот стандард за финансиско известување – МСФИ 9, кои се имплементирани во домашната регулатива.
Планираното проширување на дистрибутивната мрежа, како и понудата на иновативни производи и услуги се очекуваат да дадат соодветен придонес кон зголемување на клиентската база и остварување на планираниот раст на депозитниот потенцијал. Врз основа на ваквите активности, динамиката на раст на приходните позиции би била поголема во однос на динамиката на раст на расходите, што ќе создаде услови за понатамошно подобрување на финансискиот резултат на Банката.

Домашни банки

Централна кооперативна банка АД Скопје со добивка

Објавено

на

Во второто тримесечје од 2018 година, Банката оствари позитивен финансиски резултат, кој е на линија на поставените цели од деловниот план. Како резултат на континуираниот нагорен тренд во доменот на кредитирањето, при истовремено задржување висок квалитет на кредитното портфолио и насоченоста кон подобрувањето на оперативната ефикасност, евидентиран е пораст на каматните приходи од 6,56% во однос на истиот период од минатата година. Банката бележи и значителен раст на депозитите, особено во сегментот население. Растот на депозитите генерираше зголемени расходи за камата за 7,41%, но, сепак, нето-ефектот кај приходите од камата е позитивен и е зголемен за 6,14% во однос на истиот период минатата година.

Поради определбата на Банката за зголемување на обемот на работа преку понуда на промотивни и подостапни услуги за своите клиенти, нето-приходите од провизии и надоместоци бележат намалување за 5,50%, споредено со истиот период минатата година.

Банката во второто тримесечје го задржа одличниот квалитет на кредитното портфолио и покрај евидентираниот мал раст на исправката на финансиските средства. Зголемувањето на исправката делумно  произлегува од растот на кредитното портфолио, а дел од последователното мерење на кредитниот ризик на зрелото кредитно портфолио. Во овој период Банката нема евидентирано нови преземени средства и, соодветно, нема издвоено загуба поради оштетување на нефинансиските средства.

Во делот на останатите приходи од дејноста, Банката го задржа речиси истото ниво во однос на минатата година, додека кај нето-приходите од курсни разлики, оствари незначително намалување.

Позицијата трошоци за вработените забележа зголемување за 5,42% во однос на минатата година, поради растот на бројот на вработените и континуираното вложување во постојните вработени.

Напредокот во делот на оперативната ефикасност се гледа и преку остварените заштеди евидентирани во позицијата останати расходи од дејноста, при што истите се за 2,60% пониски од минатата година.

Продолжи со читање

Домашни банки

Сити Банка ја награди Комерцијална банка како најдобра во меѓународните плаќања во 2017 година

Објавено

на

Како признание за брзината и квалитетот на меѓународните плаќања во долари и оваа година Комерцијална Банка АД Скопје е добитник на Best Performance STP Excellence award од  Citi Bank: 2017 US Dollar payments STP Excellence Award – Best Performance. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

МФ, УЈП и МБА ќе соработуваат за целосна заштита на податоците на граѓаните

Објавено

на

Министерството за финансии и Управата за јавни приходи одржаа состанок со Македонската Банкарска Асоцијација во врска со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за банките. Беше договорено прецизирање на текстот кое ќе се имплементира во новиот текст на Законот.

Управата и со постоечкиот закон добива податоци за сметките на граѓаните на писмено барање. Со промените би се добивала само приходната страна по автоматизам, за останатите податоци Управата и понатаму ќе мора да поднесе писмено барање. Трошењата на граѓаните и состојбата на сметката не и се потребни на УЈП за изработка на претпополнетата даночна пријава.

Податоците кои ќе ги добива УЈП ќе бидат „енкриптирани“ со цел да се заштитат личните податоци на граѓаните. Ова ниво на заштита е повисоко и од актуелното. Во насока на заштита на личните податоци, веќе се подготвуваат промени во Законот за Управата за јавни приходи.

Промените ќе стапат на сила од почетокот на 2019 година, бидејќи истите се потребни за изработка на претпополнетата годишна даночна пријава. Со ова како и во најголем дел од Европските земји граѓаните ќе се ослободат од пополнување на годишната даночна пријава.

Нема никакви промени кај третманот на дознаките од странство. Ова значи дека и понатаму ќе се применува постоечкото законодавство, според кое приливите по основ на лични трансфери, помош и подароци не се оданочуваат со персонален данок на доход.

УЈП и Македонската Банкарска Асоцијација ќе ја продолжат соработката со цел успешно да се имплементира законот.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange