Connect with us

Домашни банки

Стопанска банка а.д. Битола оствари добивка од 6,05 милиони денари во првите три месеци од 2021 година

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола и во првиот квартал од 2021 година го продолжи трендот на остварување позитивни финансиски резултати. Иако повеќе од една година Банката се справува со предизвиците наметнати од пандемијата со ковид-19, и понатаму го задржа фокусот кон остварување на клучните стратешки цели, дејствувајќи во насока на наплата на дел од нефункционалните побарувања, а истовремено продолжувајќи со кредитна поддршка на правните субјекти и на домаќинствата, притоа максимално залагајќи се за безбедноста на клиентите при користењето на услугите на Банката, како и за безбедност на вработените на работните места.

Успешно приспособувајќи се на тековните пазарни услови, економските промени, како и наметнатите предизвици, Стопанска банка а.д. Битола оствари позитивен финансиски резултат за периодот 1.1.2021 – 31.3.2021 година, односно добивка во износ од 6,05 милиони денари, што е значително подобро остварување во однос на истиот период од минатата година.

Нето-приходите од камати се повисоки за 11,28%, односно 7,56 милиони денари во однос на остварувањето на првиот квартал од 2020 година. Кај приходите од камати беше евидентиран годишен раст од 1,00 милиони денари, што генерално се должи на зголеменото кредитирање. Доброто управување со изворите на средствата и нивните цени придонесе за намалување од 6,56 милиони денари на страната на расходите, главно во делот на пасивните каматни стапки.

Нето-приходите од провизии и надоместоци се повисоки за 11,50% споредено со претходната година. Притоа подинамичен раст имаа приходите од провизии и надоместоци, кои се зголемија за 10,38% споредено со остварените во периодот 1.1.2020 – 31.3.2020 година, додека расходите пораснаа за 7,88%. Остварувањето во оваа позиција го надминува планот за првиот квартал од 2021 година за 15,47%.

Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 5,83 милиони денари и се намалени за 11,66% на годишна основа.

Останатите приходи од дејноста се пониски за 4,55 милиони денари споредено со периодот 1.1.2020 – 31.3.2020 година, кога беа остварени поголеми капитални добивки од продажба на преземен имот.

Исправката на вредноста на финансиските средства, на нето-основа е помала споредено со претходната година за 48,44%, што се должи на активностите за наплата на дел од побарувањата, на зголеменото кредитирање на секторот домаќинства, што, пак, традиционално носи пониско просечно ниво на ризик, како и на проценките за квалитетот на кредитното портфолио на правните лица како мерка на прудентно работење и претпазливост на Банката. Загубата поради оштетување на нефинансиските средства, на нето-основа не бележи значителни годишни промени во апсолутен износ.

Трошоците за вработените бележат намалување од 4,40% споредено со претходната година, што е одраз на настојувањата на Банката за постигнување поголема ефикасност во работењето со постојниот стручен кадар, додека планот за анализираниот период кај оваа позиција е остварен со 92,45%. Останатите расходи од дејноста во првиот квартал од годината изнесуваат 41,59 милиони денари и се пониски за 4,88% во однос на истиот период од минатата година. Амортизацијата е зголемена за 9,24% на годишна основа, одразувајќи ги промените во недвижностите и опремата.

Предлог-одлуката за употреба и распоредување на остварената добивка по годишната сметка за 2020 година на Стопанска банка а.д. Битола, е ставена на дневен ред на седницата на Годишното собрание на акционери што ќе се одржи на 26.5.2021 година, а со којашто не е предвидена исплата на дивиденда за 2020 година.

Домашни банки

НОВО ПАРТНЕРСТВО: Халк Банка АД Скопје и Триглав Осигурување Живот АД Скопје со заедничка соработка во животното осигурување

Објавено

на

Халк Банка АД Скопје и Триглав Осигурување Живот АД Скопје потпишаа Договор за соработка во делот на животно осигурување. Овој партнерски Договор има за цел да ја зголеми понудата на банко осигурување на македонскиот осигурителен пазар преку зголемување на премијата за животно осигурување но и обезбедување на комплетна услуга на сите кредитокорисници на Банката. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Халкбанк ги објави најинтересните фотографии од предизвикот #EcoYogaTree

Објавено

на

Халкбанк, како дел од коалицијата „Priceless Planet“, со Mastercard организираше многубројни активности за подигнувањето на свеста за зачувување на планетата Земја. Во предизвикот #EcoYogaTree, кој беше објавен на социјалните мрежи, Халкбанк ги повика корисниците да се вклучат со објава на фотографија во која ја прават позата што симболизира дрво. Се вклучија голем број корисници кои ја дадоа својата поддршка и придонес за подигнувањето на свеста за важноста на животната средина. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје: Соопштение за неработни денови – Велигден 2021

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека по повод престојните велигденски празници, филијалите на банката нема да работат на 30.04.2021 (петок) и 03.05.2021 (понеделник).
(more…)

Продолжи со читање


Популарно