Connect with us

Домашни банки

Стопанска банка а.д. Битола оствари добивка во износ од 82,35 милиони денари за девет месеци

Објавено

на

Во периодот 1.1.-30.9.2020 година Стопанска банка а.д. Битола континуирано го прилгодуваше своето работење на новонастанатата ситуација со пандемијата од вирусот COVID-19 која силно влијаеше на целокупниот домашен и глобален економски амбиент. Задржувајќи го фокусот кон остварување на клучните стратешки цели, Банката делуваше во насока пред се на наплата на дел од нефункционалните побарувања, а истовремено продолжувајќи со кредитна поддршка на правните субјекти и домаќинствата притоа максимално залагајќи се за безбедност на клиентите при користењето на услугите на Банката, како и за безбедност на вработените на работните места.

Успешното справување со наметнатите предизвици и брзото прилагодување на краткорочните активности придонесоа за остварување на позитивен финансиски резултат за периодот 1.1.-30.9.2020 година, односно добивка во износ од 82,35 милиони денари.

Нето-приходите од камати за периодот 1.1.2020 – 30.9.2020 година изнесуваат 218,45 милиони денари. Во услови на надолен тренд на активните каматни стапки на ниво на банкарски сектор, повеќекратно намалување на основната каматна стапка на НБРСМ, како и сите останати мерки кои се преземааа во врска со настанатата ситуација со вирусот COVID-19, приходите од камати се пониски за 8,94% споредено со истиот период од минатата година и покрај растот на кредитната активност. Со цел да се неутрализира ваквиот ефект, фокусот беше ставен на контрола на расходите по камати кои заблежаа подинамично намалување од 22,69% така што нето-приходите од камати се намалија за само 1,73%. Реализацијата на планот за нето-приходи од камати изнесува 87,75%.

Нето-приходите од провизии и надоместоци се повисоки за 21,47% споредено со претходната година. Притоа подинамичен раст имаа приходите од провизии и надоместоци, коишто се зголемија за 17,55% споредено со остварувањето за периодот 1.1.2020 – 30.9.2019 година. Најголем придонес кон растот имаа приходите од провизии од платен промет во земјата и странство, како и приходите од провизии од картично работење. Расходите за провизии и надоместоци растеа со побавно темпо од 9,39%. Остварените нето-приходи од провизии и надоместоци се повисоки од планираните за 4,88%.

Нето-приходите од курсни разлики се повисоки за 1,40% на годишна основа, а реализацијата на планот изнесува 97,32%. Останатите приходи од дејноста се пониски за 27,86% што се должи на помалку остварени капитални добивки од продажба на преземен имот како и пониски приходи по основ на дивиденди. Планот во оваа позиција е реализиран со 73,70%.

Исправката на вредноста на финансиските средства, на нето-основа е позитивна во износ од 26,02 милиони денари што се должи на поголем износ на ослободена исправка на вредност од наплатени нефункционални побарувања споредено со издвоената исправка на вредност согласно проценките за квалитетот на кредитните изложености. Загубата поради оштетување на нефинансиските средства, на нето- основа е негативна и изнесува 2,86 милиони денари.

Трошоците за вработените бележат намалување од 4,84% споредено со претходната година, додека планот за анализираниот период кај оваа позиција е остварен со 90,86%. Останатите расходи од дејноста се повисоки за 10,59%, што е главно резултат на повисоки материјални и слични трошоци за набавка на заштитни маски, опрема, како и повисоки трошоци за хигиена и дезинфекција поради преземање на сите неопходни мерки за заштита на вработените и клиентите во согласност со насоките и препораките од надлежните органи за спречување на ширењето на вирусот COVID-19. Планот во оваа позиција е реализиран со 90,62%.

Амортизацијата е зголемена за 10,56% на годишна основа, додека реализацијата на планот изнесува 85,73%.

Домашни банки

НЛБ Банка со промотивна кампања за потрошувачките кредити до крајот на годината

Објавено

на

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, НЛБ Банка подготви промотивна кампања за потрошувачките кредити. Овој декември клиентите ќе можат да ги реализираат своите планови благодарение на промотивната понуда со подолг рок на отплата, едноставна процедура и низа други придобивки. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка засади дрвја во знак на успешна реализација на GEFF програмата за финансирање зелена економија

Објавено

на

Комерцијална банка ја обележа успешната реализација на GEFF програмата за финансирање на зелената економија во Западен Балкан со засадување дрвја во Скопје. Педесет дрвја од видот каталпа се донација од Европската банка за обнова и развој, Европската Унија, Австрија и од четири банки од земјава, меѓу кои е и Комерцијална банка, а се израз на нивните стремежи за позеленување на градот Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Потрошувачки и станбени кредити од Комерцијална банка со осигурување од Триглав

Објавено

на

Комерцијална банка понуди потрошувачки и станбени кредити со уште поповолни услови – обезбедени со полиса за животно осигурување или за осигурување при неможност за отплата од осигурителните компании на
групацијата Триглав. (more…)

Продолжи со читање



Популарно