Connect with us

Домашни банки

Стопанска банка а.д. Битола оствари добивка од 52,4 милиони денари во првите шест месеци од 2020 година

Објавено

на

Во првата половина од 2020 година, Стопанска банка а.д. Битола беше фокусирана на остварување на клучните стратешки, деловни и финансиски цели во услови на вонредна состојба во државата и во услови на глобална економска неизвесност наметната од пандемијата од вирусот COVID-19. Банката настојуваше да го приспособи своето работење на новонастанатата ситуација залагајќи се, пред сè, за безбедност на клиентите при користењето на услугите на Банката, како и за безбедност на вработените на работните места.

Од аспект на оперативно работење, фокусот беше ставен врз наплата на нефункционални побарувања што заедно со редовните нето-приходи придонесе за остварување на позитивен финансиски резултат за периодот 1.1.-30.6.2020 година, односно нето-добивка во износ од 52,42 милиони денари.

Нето-приходите од камати за периодот 1.1.2020 – 30.6.2020 година изнесуваат 144,33 милиони денари. Во услови на надолен тренд на активните каматни стапки на ниво на банкарски сектор, повеќекратно намалување на основната каматна стапка на НБРСМ, како и сите останати мерки кои се преземааа во врска со настанатата ситуација со вирусот COVID-19, приходите од камати се пониски за 8,35% споредено со истиот период од минатата година и покрај растот на кредитната активност. Со цел да се неутрализира ваквиот ефект, фокусот беше ставен на контрола на расходите по камати кои заблежаа подинамично намалување од 15,01% така што нето приходите од камати се намалија за 5,06%. Реализацијата на планот за нето-приходи од камати изнесува 86,96%.

Нето-приходите од провизии и надоместоци се повисоки за 22,98% споредено со претходната година. Притоа подинамичен раст имаа приходите од провизии и надоместоци, коишто се зголемија за 19,06% споредено со остварените приходи од провизии и надоместоци во периодот 1.1.2020 – 30.6.2019 година. Најголем придонескон растот имаа приходите од провизии од платен промет во земјата и странство, како и приходите од провизии од кредитирање. Расходите за провизии и надоместоци растеа со побавно темпо од 10,66%. Остварените нето-приходи од провизии и надоместоци се повисоки од планираните за 4,24%.

Нето-приходите од курсни разлики се повисоки за 5,23% на годишна основа, а реализацијата на планот изнесува 98,24%. Останатите приходи од дејноста се пониски за 26,72% што се должи на помалку остварени капитални добивки од продажба на преземен имот. Планот во оваа позиција е реализиран со 89,45%.

Исправката на вредноста на финансиските средства, на нето-основа е позитивна во износ од 13,39 милиони денари што се должи на поголем износ на ослобоена исправка на вредност од наплатени нефункционални побарувања споредено со издвоената исправка на вредност согласно проценките за квалитетот на кредитните изложености. Загубата поради оштетување на нефинансиските средства, на нето-основа е негативна и изнесува 0,54 милиони денари.

Трошоците за вработените бележат намалување од 3,46% споредено со претходната година, додека планот за анализираниот период кај оваа позиција е остварен со 92,03%. Останатите расходи од дејноста се повисоки за 10,09%, што е главно резултат на повисоки материјални и слични трошоци за набавка на заштитни маски, опрема, како и повисоки трошоци за хигиена и дезинфекција поради преземање на сите неопходни мерки за заштита на вработените и клиентите во согласност со насоките и препораките од надлежните органи за спречување на ширењето на вирусот COVID-19. Планот во оваа позиција е реализиран со 91,68%.

Амортизацијата е зголемена за 8,42% на годишна основа, додека реализацијата на планот изнесува 83,39%.

Домашни банки

Комерцијална банка наградена од ЕБОР за „Most Active Issuing Bank in 2021 in North Macedonia“

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој ја награди Комерцијална банка за „Most Active Issuing Bank in 2021 in North Macedonia“. Комерцијална банка ја добива оваа награда од ЕБОР по 18-ти пат и во континуитет со години како најактивна банка во областа на меѓународните инструменти за финансирање на меѓународната трговија во земјава.  (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Злато и сребро на Банкарските спортски игри за вработени во Комерцијална банка

Објавено

на

Силна мотивација, тимски дух и желба за победа – доволно за да остварат претставниците на Комерцијална банка низа успешни резултати на годинашните Банкарски спортски игри. Вработени во Комерцијална банка собраа златни и сребрени медали и покажаа и докажаа дека спортските вештини, засилени со цврста соработка и посветеност, се формула за успех. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка оствари нето добивка од 10,6 милиони евра во првиот квартал од 2022 година

Објавено

на

Во периодот од 1.1.2022 до 31.03.2022 година, НЛБ Банка АД Скопје работеше согласно усвоената Деловна политика на Банката за 2022-та година. (more…)

Продолжи со читање


Популарно