Connect with us

Домашни банки

Стопанска банка а.д. Битола од среда (27.05) ќе започне со исплата на мајските пензии

Објавено

на

Сите пензионери кои ја примаат пензијата преку Стопанска банка а.д. Битола со истата ќе може да располагаат преку мрежата на банкомати почнувајќи од 27.05.2020 година (среда).

Готовинската исплата на пензиите, во насока на целосна заштита на здравјето на клиентите и вработените ќе се спроведува во сите отворени експозитури на Банката, во 4 групи согласно следниот распоред составен според висината на пензијатa:

 1. До 11.000 денари 27.05.2020г. (среда)

2. 11.001-14.000 денари 28.05.2020г. (четврток)

3. 14.001-18.000 денари 29.05.2020г. (петок)

4. Над 18.001 денари 01.06.2020г. (понеделник)

️Стопанска банка а.д. Битола замолува за строго почитување на распоредот за подигнување на пензиите и во случај на посета на експозитурите придржување до сите препораки и мерки за заштита. Држете соодветно растојание при посетата и следете ги насоките кои ќе ви бидат дадени.

️Истовремено, за сите оние кои користат картички, Банката апелира на тоа широката мрежа на банкомати на Стопанска банка а.д. Битола да се искористи за подигнување на пензиите со цел посетите на експозитурите да се сведат на минимум.

Домашни банки

Централна кооперативна банка АД Скопје оствари добивка во висина од 8,3 милиони денари во првото полугодие од 2020 година

Објавено

на

Во периодот март-јуни 2020 година, македонската економија се одвиваше во услови на прогласена вонредна состојба. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Костовски: Народната банка изврши холокауст во банкарскиот сектор врз Еуростандард банка

Објавено

на

Најголемиот акционер во Еуростандард Банка АД Скопје, Трифун Костовски денеска на прес конференција посочи дека сценариото за ликвидација на Еуростандард банка се спремало, а тие кои знаеле од Народната банка дека ќе се затвори банката, си ги повлекле парите навреме. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ТТК Банка АД Скопје оствари добивка од 30,5 милиони денари во првите 6 месеци од 2020 година

Објавено

на

Во периодот од 1.1.2020 до 30.6.2020 година ТТК Банка АД Скопје дејствуваше во насока на остварување на своите приоритетни цели и задачи дефинирани во Деловната политика и во Финансискиот план на Банката за 2020 година, при што во текот на периодот го прилагодуваше своето работење на тековните економски и пазарни услови на стопанисување, во услови на прогласена вонредна состојба во државата, поради пандемијата од вирусот COVID-19. (more…)

Продолжи со читање

Популарно