Домашни банки
Стопанска банка а.д. Битола нуди втора поволна промена на договорните услови – одложена отплата на кредитните обврски за физички лица


Имајќи ги предвид продолжените ефекти од ковид-кризата, а врз основ на регулаторните измени донесени од страна на Советот на Народната банка на Република Северна Македонија на 1.9.2020 година, Стопанска банка а.д. Битола нуди втора поволна промена на договорните услови – одложена отплата на кредитните обврски за кредити на физички лица со времетраење од 6 (шест) месеци, заклучно со 31.3.2021 година.
Оваа понуда важи за физички лица кои заклучно со 29.2.2020 година немале доспеани ненаплатени обврски ниту нефункционални побарувања во Банката, биле класифицирани во А, Б или В ризична категорија или, пак, биле одобрени во периодот од 01.03.2020 до 24.03.2020 година, а се соочуваат со посериозни последици од ковид – кризата, односно само за оние кредитокорисници и/или со нив поврзани лица и/или кокредитокорисниците кои исполнуваат еден од подолу наведените критериуми:
1. Изгубено работно место во период на ковид-кризата
2. Намалени месечни примања во периодот на ковид-кризата
3. Нередовни приходи во периодот на ковид-кризата
4. Зголемени трошоци за лекување предизвикани од ковид-кризата
Сите клиенти кои сметаат дека ги исполнуваат критериумите за промена на договорни услови, треба во рок од 10 дена да достават БАРАЊЕ ЗА ПРИФАЌАЊЕ НА ПОНУДА ЗА ПРОМЕНА НА ДОГОВОРНИ УСЛОВИ на маил адресата на банката covid19merki@stbbt.com.mk или во било која од експозитурите на Банката со избор на еден (или повеќе) од наведените критериуми.
Барањата ќе се разгледуваат на индивидуална основа врз основа на презентирани документи и доставени докази. Сите барања за одложена отплата на обврските ќе се процесираат најдоцна до истекот на важност на Уредбата со законска сила за начинот на промената на договорните услови на кредитни изложености кај банките и штедилниците (Сл.Вес.бр.80 од 27.03.2020 и Сл.Вес.бр.125 од 15.05.2020).
Сите клиенти кои ќе ја прифатат понудата за промена на договорни услови, можат во било кое време истата да ја отповикаат и да продолжат со редовна отплата на обрврските. За отповикување на прифатената понуда задолжително треба да достават писмено барање на маил адресата на банката covid19merki@stbbt.com.mk или во било која од експозитурите на Банката.
Домашни банки
Известување за нова локација на банкомат на Централна кооперативна Банка АД Скопје


Централна кооперативна банка ги известува своите клиенти дека постави нов банкомат на следната локација: (more…)
Домашни банки
ТТК Банка со промотивна поволност за своите клиенти – без трошоци за одобрување и администрирање за кредитите со РИЗИКО кредитно животно осигурување


РИЗИКО кредитното животно осигурување или осигурување живот на корисници на кредит е достапно во сите експозитури и филијали на ТТК Банка АД Скопје, во соработка со осигурителното друштво „Триглав Осигурување Живот“ АД Скопје. (more…)
Домашни банки
Шпаркасе Банка постави нов банкомат за поголема достапност за клиентите


Со цел да биде поблиску до своите клиенти и до нивните потреби, Шпаркасе Банка Македонија постави уште еден нов банкомат, на нова локација! (more…)
- Домашни банкипред 3 weeks
ГО “БУТНАА” ИНТЕРНЕТОТ: Вработените на УНИБанка танцуваат на „Jerusalema“ пред експозитура Плоштад
- Останатопред 2 months
Колку изнесува К15 за оваа 2020 година?
- Business Manпред 1 month
Божидар Јанковски стана сопственик на Динерс Клуб Интернационал МАК ДООЕЛ
- Анализипред 2 months
Која македонска банка планира да го нападне тронот во банкарскиот сектор!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Business Manпред 2 months
Владо Цекиќ избран за Млад менаџер во Македонија за 2020 година
- Анализипред 2 months
Во Македонија има 1.301 премиум пензионери!