Connect with us

Домашни банки

Стопанска банка а.д. Битола започна со предвремена исплата на пензиите за октомври

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола ги известува своите клиенти пензионери кои својата пензија ја примаат преку Стопанска банка а.д. Битола и се корисници на картички, дека можат да располагаат со октомвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од денес (26.10.2021 година).

Исплатата на пензии за клиентите кои не користат картички, ќе се изврши во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

  • За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата ќе се изврши на 26.10.2021 година (вторник);
  • За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата ќе се изврши на 27.10.2021 година (среда);
  • За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата ќе се изврши на 28.10.2021 година (четврток); и
  • За пензии со висина над 18.001 денари, исплата ќе се изврши на 29.10.2021 година (петок).

Од банката замолуваат за строго почитување на распоредот за подигнување на средствата и во случај на посета на експозитурите клиентите да се придржуваат до сите препораки и мерки за заштита. Држење соодветно растојание, носење заштитни маски и следење на насоките кои ќе бидат дадени.

Истовремено, за сите оние кои користат картички од Стопанска банка а.д. Битола апелираат на тоа да се искористи широката мрежа на банкомати на Банката со цел посетите на експозитурите да се сведат на минимум.

Домашни банки

Министерството за економија го прогласи ХалкЕко проектот на Халкбанк за најдобар општествено одговорен проект во категоријата „однос со животната средина“

Објавено

на

Проектот ХалкЕко на Халкбанк АД Скопје со кој се поттикнуваат здрави животни навики и грижа за природата, но и се зголемува шумскиот фонд и се реализираат други активности во насока на заштита на животната средина, од страна на Министерството за економија е прогласен за најдобар општествено одговорен проект во категоријата „однос со животната средина“. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка доби национална награда за општествена одговорност и признание за најинвентивна практика за проектот „НЛБ Рамка за помош“

Објавено

на

За проектот „НЛБ Рамка за помош“, НЛБ Банка Скопје ја доби националната награда за најдобра општествено одговорна практика во категоријата „Вложување во заедницата“ кај големи претпријатија за 2021 година и признание за најинвентивна практика. „НЛБ Рамка за помош“ е програма иницирана и поддржана од НЛБ Групацијата која се спроведе на сите пазари во регионот на кои е присутна Групацијата и претставува уникатен проект за поддршка на микро и малите претпријатија во Ковид кризата. Проектот започна во првата пандемска година, 2020, а истиот продолжи и во 2021 година. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Караванот на Халкбанк „Приказни од моето маало“ го посети Штип

Објавено

на

Караванот „Приказни од моето маало“ вчера ги посети учениците во ОУ „Ванчо Прке“ во Штип. Низ едукативно-креативни работилници ги слушнавме приказните од градот под Исарот, се дружевме со креативните деца и ја разгоривме нивната креативност и фантазија. (more…)

Продолжи со читање


Популарно