Connect with us

Домашни банки

Стопанска банка а.д. Битола започна со предвремена исплата на пензиите за март

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола ги известува своите клиенти пензионери кои својата пензија ја примаат преку Стопанска банка а.д. Битола и се корисници на картички, дека можат да располагаат со мартовските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од денес (29.03.2021 година).

Исплатата на пензии за клиентите кои не користат картички, ќе се изврши во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

  • За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата ќе се изврши на 29.03.2021 година (понеделник);
  • За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата ќе се изврши на 30.03.2021 година (вторник);
  • За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата ќе се изврши на 31.03.2021 година (среда); и
  • За пензии со висина над 18.001 денари, исплата ќе се изврши на 01.04.2021 година (четврток).

Од банката замолуваат за строго почитување на распоредот за подигнување на средствата и во случај на посета на експозитурите клиентите да се придржуваат до сите препораки и мерки за заштита. Држење соодветно растојание, носење заштитни маски и следење на насоките кои ќе бидат дадени.

Истовремено, за сите оние кои користат картички од Стопанска банка а.д. Битола апелираат на тоа да се искористи широката мрежа на банкомати на Банката со цел посетите на експозитурите да се сведат на минимум.

Домашни банки

Огромно срце за сите на точак – нов #ВозиПравоВозиЗдраво предизвик за #НеделаНаМобилност

Објавено

на

Овие денови пред 6 години Стопанска банка АД – Скопје го организираше првото издание на „Вози право, вози здраво“ и почна да ја „вози“ заедно со своите поддржувачи оваа приказна за грижа за нашата животна средина и за развој на вело културата! (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Експозитурата на УНИБанка во Охрид отсега на нова локација со нов и модерен изглед

Објавено

на

УНИБанка ги известува своите клиенти дека експозитура Охрид е преселена на нова локација во помодерни простории со цел подобрување на корисничкото искуство.  (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка спонзор на ИФФК „Браќа Манаки“

Објавено

на

Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ со целата своја уметничка вредност годинава се враќа во Битола со своето 42-ро издание. Филмските уметници и нивните љубители од 16 до 21 септември во Битола, преку една хибридна форма, ќе имаат можност да уживаат во програмата на фестивалот која содржи 10 долгометражни и 10 кратки филмови.

(more…)

Продолжи со читање



Популарно