Connect with us

Домашни банки

Стопанска банка а.д. Битола заедно со најмалите го одбележа Меѓународниот ден на мирот

Објавено

на

На 21 септември, во дворот на Магазата на градскиот плоштад Магнолија во Битола беше одржан настан на кој деца од 3 до 6 годишна возраст преку цртеж, дружба и насмевки го одбележаа Меѓународниот ден на мирот.

Стопанска банка а.д. Битола го поддржа и присуствуваше на настанот и заедно со дечињата, преку нивните цртежи ја испрати пораката за поубав и помирен свет.

„Нема посоодветен начин да се испрати оваа силна порака за мир во светот од тоа да се направи преку слатките насмевки на најчистите и најискрените суштества на светот.’’

Стопанска банка а.д. Битола на дечињата и подари и боенки и им порача да продолжат да го бојат светот во шаренило.

Заедно за поубав, посреќен и помирен свет!

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје започна со исплата на ноемвриските пензии

Објавено

на

Имајќи ги во превид препораките и засилените мерки за заштита од ширење на COVID – 19, Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите клиенти пензионери дека пензиите за месец ноември од фондот на ПИОМ се предвреме процесирани при што ќе се спроведе готовинска исплата во етапи, со цел да се намали концентрација на пензионери во филијалите и да се овозможи поголема заштита на оваа категорија клиенти. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Македонска банкарска асоцијација донира лаптопи за студенти и ученици

Објавено

на

Финансиската писменост е еден од важните предуслови за квалитетен живот, спокојно планирање на животните трошоци и распоредување на приходите на секој поединец. Македонската банкарска асоцијација особено внимание посветува на финансиската писменост на клиентите на членките на асоцијацијата, банките и штедилниците, и вложува ресурси за нејзино подобрување, почнувајки од најраните години на децата. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка со уште една општествено одговорна мисија – Онлајн обуки за практични вештини и знаење на 500 средношколци

Објавено

на

Во услови на пандемија од вирусот Covid-19 и ограничен пристап на учениците до наставните процеси, Комерцијална банка успеа на 500 средношколци од СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“ од Скопје да им пренесе практични вештини и знаење на теми од суштинско значење за нивното образование, идно вработување и градење здрави финансиски навики. (more…)

Продолжи со читање

Популарно