Connect with us

Домашни банки

Стопанска банка а.д. Битола донираше 1.500.000 денари на ФК Пелистер

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола на фудбалскиот клуб Пелистер од Првата македонска лига му донираше 1.500.000 денари. Оваа донација е преку ваучерскиот систем за поддршка на спортот што го одобрува Агенцијата за млади и спорт, а во насока на развој и унапредување на тимот кој остварува одлични резултати во лигата. Во 2017 година кога Пелистер го освои Купот во Македонија, Стопанска банка а.д. Битола беше еден од главните поддржувачи и спонзори на тимот. 

,,Ни претставува задоволство повторно да оствариме соработка со ФК Пелистер бидејќи успехот кој заеднички го постигнавме во 2017 година е нешто големо и значајно, а ФК Пелистер како тим со огромен потенцијал и многу квалитетни играчи веруваме дека истиот може да го повтори и надмине. 

Веруваме и во визијата на тимот и во младите перспективни и мотивирани играчи кои знаеме дека ќе направат се за да ја исполнат. 

Она кое ни е особено драго и кое не поврзува на друг начин со овој тим покрај останатото е и фактот дека се работи за тим со многу долга традиција кој потекнува од градот Битола, исто како и Стопанска банка а.д. Битола. Постоејќи повеќе од 70 години и Стопанска банка а.д. Битола и ФК Пелистер на некој начин претставуваат обележје, симбол на градот.‘’- велат од Стопанска банка а.д. Битола

Стопанска банка а.д. Битола е препознатлива по тоа што многу често поддржува настани, поединци или тимови кои ја афирмираат спортската култура во земјата. Традиционално, во изминатите години банката ги спонзорира Скопскиот маратон и Женската трка, а минатата година беше спонзор и на најпознатиот битолски маратон Трчај бе.  

Домашни банки

НЛБ Банка со промотивна кампања за потрошувачките кредити до крајот на годината

Објавено

на

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, НЛБ Банка подготви промотивна кампања за потрошувачките кредити. Овој декември клиентите ќе можат да ги реализираат своите планови благодарение на промотивната понуда со подолг рок на отплата, едноставна процедура и низа други придобивки. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка засади дрвја во знак на успешна реализација на GEFF програмата за финансирање зелена економија

Објавено

на

Комерцијална банка ја обележа успешната реализација на GEFF програмата за финансирање на зелената економија во Западен Балкан со засадување дрвја во Скопје. Педесет дрвја од видот каталпа се донација од Европската банка за обнова и развој, Европската Унија, Австрија и од четири банки од земјава, меѓу кои е и Комерцијална банка, а се израз на нивните стремежи за позеленување на градот Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Потрошувачки и станбени кредити од Комерцијална банка со осигурување од Триглав

Објавено

на

Комерцијална банка понуди потрошувачки и станбени кредити со уште поповолни услови – обезбедени со полиса за животно осигурување или за осигурување при неможност за отплата од осигурителните компании на
групацијата Триглав. (more…)

Продолжи со читање



Популарно