Connect with us

Домашни банки

Стопанска Банка а.д Битола донираше медицинска опрема во ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски„ во Битола

Објавено

на

Стопанска Банка а.д Битола денеска донираше медицинска опрема, за потребите на неколку одделенија во ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски„ во Битола. Предмет на донација беа монитори за следење на витални параметри на пациентите и Електрокардиограф – апарат за снимање на срцевата работа за Одделот за неврологија, неонатолошки и бебешки креветчиња за Одделот за Неонатологија и Детското одделение. Исто така донирана беше и друга опрема која ќе биде распределена во Одделот за гинекологија и останатите одделенија според потребите на Клиничката болница во Битола.

Донацијата беше предадена од членовите на Управниот одбор на Стопанска Банка а.д. Битола д-р Наташа Несторовска и м-р Гордана Балтовска, на директорот на болницата д-р Зоран Лазаров. На настанот присуствуваа и д-р Жаклина Сирвини – помошник директор за интернистички гранки и д-р Снежана Ристевска – специјалист невролог, со чија соработка беа договорени и предметите на донирање.

Членот на Управнот Одбор на Банката, г-ѓа Наташа Несторовска, истакна дека со оваа донација Стопанска Банка а.д. Битола уште еднаш на дело ја потврдува својата социјална и општествена одговорност. “Донацијата се однесува на оние сектори и институции во нашето општество каде е најмногу потребна” – истакна таа.

Директорот на Клиничката болница Битола, Д-р Зоран Лазаров, истакна дека опремата ќе помогне во работата на Болницата, допринесувајќи во поквалитетна услуга и третман на пациентите и ќе го направи престојот и животот на пациентите поедноставен и полесен.

Целта на Стопанска Банка а.д Битола е со оваа донација да допринесе во унапредување и поддршка на јавното здравство во Република Македонија како дејност од јавен интерес.

Домашни банки

Именувани тројца нови членови на Управниот одбор на НЛБ д.д. Љубљана, меѓу кои и Антонио Аргир

Објавено

на

На вчерашниот прв состанок на Надзорниот одбор на НЛБ д.д Љубљана годинава, членовите се фокусираа на имплементација на стратегијата на НЛБ Групацијата и статусот на вклучување на факторите за управување со еколошките и социјални аспекти во деловниот модел на НЛБ Групацијата. На седницата, Надзорниот одбор назначи и тројца нови членови на Управниот одбор, со што истиот се прошири на вкупно шест члена. За нови членови на Управниот одбор на НЛБ д.д именувани се: Хедвика Усеник, Антонио Аргир и Андреј Ласиќ. Сите доаѓаат од НЛБ д.д или НЛБ Групацијата, имаат долгогодишно искуство и се веќе докажани во својата работа. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје изврши измена и дополнување во тарифите за надоместоци за физички лица

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите клиенти дека воведува нови и врши измена на некои од постојните надоместоци во тарифата за физички лица, при што ги утврдува следните надоместоци: (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ТТК Банка: Известување за работно време на филијали и експозитури на 19.1.2022 година (среда)

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани корисници дека по повод претстојниот празник – Богојавление (Водици), на 19.1.2022 година (среда) ќе работат следните филијали и експозитури на Банката: (more…)

Продолжи со читање

Популарно