Платежни картички
Стопанска банка а.д. Битола го прошири своето портфолио на производи со уникатна платежна картичка

Стопанска банка а.д. Битола ја прошири својата понуда на платежни картички со новата Mastercard Business Revolving картичка која е кредитна картичка наменета за безготовинско плаќање во трговската мрежа и повлекување на готовина од сите банки и банкомати во земјата и странство, за бизнис потреби.
Оваа картичка се разликува од останатите картички од овој тип на пазарот од повеќе аспекти. Пред сe, оваа бизнис кредитна картичка е со најконкурентни услови на пазарот, односно, најниска каматна стапка од 7,99% фиксна во првата година и 10,99% прилагодлива каматна стапка, по првата година. Mastercard Business Revolving кредитната картичка функционира на принцип на минимална месечна отплата на само 10% од износот на користениот кредит во тековниот месец, а максималниот лимит на одобрување е 1.000.000 денари и на истиот има можност за користење секаде каде што е истакнат знакот на Mastercard.
Но, оваа картичка не е единствена само по најповолните карактеристики туку она кое ја прави дополнително атрактивна е и нејзиниот посебен дизајн. Имено, се работи за дизајн директно инспириран од делата на македонскиот уметник Владо Костов кој е познат по изработувањето на невообичаени скулптури од старо отпадно железо. Инспирацијата за изработувањето на овие несекојдневни скулптури со уште поневообичаени материјали како што вели Костов ја наоѓа во верувањето за давање на повторен живот на нештата преку повторна употреба, односно, рециклирање на материјалите како во еколошка така и во естетска смисла.
„Создавањето на нов производ за нас е многу повеќе од креирање на поволна понуда за потрошувачите. Тоа за нас претставува процес во кој внимателно се разгледуваат и разработуваат сите аспекти кои креираат една целина. Во таа финална целина се стремиме да создадеме производ кој со своите поволни карактеристики совршено одговара и на најспецифичните потреби на нашите клиенти и секогаш во таа целина внимаваме да оставиме простор за еден многу важен сегмент кој ја дополнува сликата за производот, односно, додавањето на дополнителна вредност на истиот како што е во овој случај пораката која ја испраќаме за силната поддршката која ја изразуваме за заштита на планетата. Секогаш го почитуваме и поддржуваме секој потег чија цел е подигнување на свеста за значајни прашања од кои зависи општественото добро. Овој вид на уметност кој го практикува Костов е посебен сам по себе. Одлуката за користење на овој дизајн ја донесовме многу лесно фасцинирани од начинот на кој тој се одлучил да ја прикаже важноста за заштитата и обновата на планетата, важноста и моќта на рециклирањето на материјалите и сето она кое може да придонесе генерално за општото добро.
Како компанија која безрезервно поддржува и помага голем број на општествено одговорни практики, за оваа актуелна тема која сите поедеднакво не засега сметавме дека и преку овој алтернативен начин на испраќање на пораката можеме да влијаеме на подигнување на свеста за важноста на овој проблем.’’ – велат од Стопанска банка а.д. Битола.
Платежни картички
Наградна игра на ТТК Банка со Mastercard платежни картички

ТТК Банка започна со организирање наградна игра за сите физички лица, клиенти на Банката кои се корисници на Mastercard платежни картички, дебитни и кредитни, издадени од Банката. Конкретно, платежни картички кои учествуваат во наградната игра се Mastercard Debit – дебитна картичка и Mastercard Credit – кредитна картичка. (more…)
Платежни картички
КаСис: Започна академската година со субвенциониран студентски оброк

Мнозинството од студентите кои се квалификуваа за користење на субвенциониран студентски оброк, во рамки на проектот на Министерството за образование и наука, веќе ги подигнаа своите картички кои ги издава Шпаркасе Банка. Изработката на овие картички ја реализираше единствениот македонски процесор од областа на картичното работење, електронска трговија и сертифицирано биро за персонализација на картички КаСис АД. (more…)
Платежни картички
„Помала камата, повеќе можности“: НЛБ Visa кредитните картички со промотивна 5,9% фиксна камата

НЛБ Банка започнува промотивна кампања која се однесува на сите корисници на НЛБ Visa кредитни картички, односно Visa Classic и Visa Gold за физички лица.
(more…)
- Домашни банкипред 2 months
Халкбанк со тројца нови членови на Управниот одбор – Беркан Имери, Александар Иљов и Мухамед Хаџипази
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 1 month
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 4 weeks
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Шпаркасе Банка го активираше порталот за тестирање на платформата за отворено банкарство