Connect with us

Домашни банки

Стопанска банка а.д. Битола го промени работното време на експозитурите

Објавено

на

Согласно новите измени на Одлуката за забрана за движење на граѓаните во целата територија на државата, односно за скратување на полицискиот час, Стопанска банка а.д. Битола го прилагоди работното време на експозитурите и тоа:

Експозитурата во Централата во Битола ќе работи  со работно време од 7:30 – 16:30 часот

Сите останати експозитури на Банката низ целата државата ќе работат од понеделник до петок со работно време од 8:00 – 16:00 часот

Во сабота од 8:00 – 12:30 часот ќе работат експозитурите во : Централата – Битола, Стара зграда – Битола , ГТЦ – Скопје, Експозитурата во КБ Аџибадем Систина – Скопје и експозитурите во Велес, Тетово, Струмица, Гевгелија, Охрид, Прилеп и Демир Хисар

Времено затворени ќе бидат експозитурите во: ТЦ Бисер во Скопје, експозитура Болница во Битола и Шалтер Општина исто така во Битола.

Доколку вашата посета на некоја од експозитурите е неопходна, Банката ве замолува да се придржувате до сите насоки кои ќе ви бидат дадени, да ги почитувате мерките за ваша лична заштита и да одржувате соодветно меѓусебно растојание со сите лица во експозитурата.

Домашни банки

Дали сте размислувале колку пари и време ви заштедуваат дигиталните финансиски услуги?

Објавено

на

Сите сме сведоци на ултра брза дигитална трансформација. Замислете си само колку пати дневно извршувате дигитални трансакции? Сигурно никогаш не сте размислувале колку пари и време ви заштедува плаќањето преку интернет или мобилен телефон. Во маркети плаќате со картичка за неколку секунди и не чекате кусур. Не губите време ниту кога ви треба готовина, затоа што имате банкомат на секој чекор. Не трошите еден вработен за уплата на дневен промет секој ден затоа што и за тоа имате банкомат… (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка изврши дополнување и ажурирање на Општите услови за користење на трансакциска сметка

Објавено

на

НЛБ Банка АД Скопје ги информира своите почитувани клиенти дека изврши дополнување и ажурирање на Општите услови за користење на трансакциска сметка со 18.10.2021 година.

(more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка со фантастична вест за акционерите – ќе ја подели и заостанатата дивиденда!?

Објавено

на

Изминатата пандемиска 2020 година, НЛБ Банка ги следеше инструкциите на Народната банка којашто советуваше банките да не исплаќаат дивиденда, па така Банката се воздржа и на своите акционери не им ја исплати заслужената награда. (more…)

Продолжи со читање



Популарно