Connect with us

Домашни банки

Стопанска банка а.д. Битола го претстави планот за работење за 2019 година

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола преку соопштение на Македонска берза го претстави својот план за работење за тековната 2019 година.

Во планот за работа се претставени стратегиските императиви на Банката, клучните нефинансиски цели, како и проектираните биланси на успех и биланс на состојба.

Стратегиски императиви

Визија

Зацврстување на позицијата на Банката во банкарскиот сектор на Република Македонија со цел позиционирање меѓу водечките три банки во групата на средни банки.

Мисија

Максимизирање на вредноста на Банката преку супериорно финансиско работење кое опфаќа:

  • понуда на висококвалитетни производи и услуги за клиентите кои во целост ќе одговараат на нивните потреби;
  • генерирање позитивни финансиски резултати и повисoк коефицент на поврат на капиталот (ROE) при прифатливо ниво на ризик;
  • сигурност на работните места за вработените во Банката;
  • инвестиции во заедницата.

Стратегиска определба

Обезбедување долгорочна финансиска стабилност како императив за заштита на интересите на клиентите, акционерите, деловните партнери и вработените.

Клучни нефинансиски цели за 2019 година

  • Зајакнување на сопствените средства на Банката како резултат на емисија на петгодишна корпоративна обврзница, како и распоредување на проектираниот позитивен финансиски резултат во задржана добивка;
  • Понуда на конкурентни производи и услуги кои во целост ќе одговараат на современиот профил на клиент;
  • Континуиран развој и усовршување на информативната технологија и примена на нови Business Intelligence решенија;
  • Ефикасно управување со трошоците во работењето;
  • Дигитализација на продуктите и сервисите на банката преку развој на дигитални платформи за привлекување и комуникација со клиентите;
  • Управување со човечките ресурси во насока на развој и стручно усовршување на вработените со цел задржување на епитетот – посакуван работодавец;
  • Унапредување на доброто корпоративно управување во Банката.

Целиот план на работење на Стопанска банка а.д. Битола можете да го погледнете на следниот линк.

Домашни банки

Комерцијална банка наградена од ЕБОР за „Most Active Issuing Bank in 2021 in North Macedonia“

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој ја награди Комерцијална банка за „Most Active Issuing Bank in 2021 in North Macedonia“. Комерцијална банка ја добива оваа награда од ЕБОР по 18-ти пат и во континуитет со години како најактивна банка во областа на меѓународните инструменти за финансирање на меѓународната трговија во земјава.  (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Злато и сребро на Банкарските спортски игри за вработени во Комерцијална банка

Објавено

на

Силна мотивација, тимски дух и желба за победа – доволно за да остварат претставниците на Комерцијална банка низа успешни резултати на годинашните Банкарски спортски игри. Вработени во Комерцијална банка собраа златни и сребрени медали и покажаа и докажаа дека спортските вештини, засилени со цврста соработка и посветеност, се формула за успех. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка оствари нето добивка од 10,6 милиони евра во првиот квартал од 2022 година

Објавено

на

Во периодот од 1.1.2022 до 31.03.2022 година, НЛБ Банка АД Скопје работеше согласно усвоената Деловна политика на Банката за 2022-та година. (more…)

Продолжи со читање


Популарно