Connect with us

Домашни банки

Стопанска банка а.д Битола го потврди позитивниот Годишен извештај за 2020 година

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола преку соопштение на Македонска берза го објави Годишниот извештај за работењето на банката за 2020 година, којашто беше одбележана со ковид-19 пандемијата.

Воедно, претседателот на Управниот одбор, г-дин Владимир Ефтимоски се обрати до сите клиенти, акционери и деловни соработници, а неговото обраќање го пренесуваме во целост:

„Почитувани клиенти, акционери и деловни соработници, годината што ја оставивме зад нас наметна низа предизвици со кои Банката успешно се справуваше како што тоа и го прави повеќе од 70 години колку што функционира на банкарскиот пазар, но истовремено ни ја покажа и флексибилноста на нашите капацитети и способност за трансформација во неверојатно кус временски период, на начин на кој не сме можеле ниту да замислиме. Дефинитивно изминатата 2020 година ќе биде запаметена по ковид-19 пандемијата која предизвика не само здравствена криза, туку можеби и најсилната глобална економска криза по големата депресија од 1929 година.

Во вакви услови на работење од суштинско значење е брзата реакција и респонзивност на кратки рокови за приспособување на активностите во работењето со цел останување на стратешката патека на долг рок. Ваквиот концепт настојувавме да го применуваме и во Стопанска банка а.д. Битола што согласно остварувањата даде завиден резултат. Успешното справување со наметнатите предизвици и брзото приспособување на краткорочните активности придонесоа за остварување на позитивен финансиски резултат, односно Банката оствари добивка пред оданочување во износ од 90,72 милиони денари со што продолжи долгогодишниот континуитет во остварување на позитивни финансиски резултати.

Стапката на поврат на капиталот и стапката на поврат на активата како клучни показатели за профитабилност во работењето изнесуваа 5,84% и 0,74%, соодветно. Притоа примарна цел од општествено одговорен аспект беше зачувување на здравјето и безбедноста на клиентите на Банката и вработените за што беа преземени сите неопходни мерки и препораки посочени од надлежните институции. Од оперативен аспект, максимално ги насочивме напорите кон наплата на нефункционални побарувања што придонесе за значително ослободување на исправка на вредност што директно се одрази врз добивката на Банката. Наплатата на нефункционални побарувања овозможи и пренасочување на средствата од некаматоносни во каматоносни позиции, односно во кредити на бонитетни клиенти согласно проценките за прифатливо ниво на ризик. Депозитите и понатаму останаа главен извор на средства со учество од 82,36% во вкупната пасива. Со тоа уште еднаш ја потврдивме и поддршката која ја даваме на стопанството и домаќинствата во услови кога е најпотребна, со што директно влијаевме и на поддршка на целокупната економска активност и повторно заживување на економијата по контракцијата предизвикана од пандемијата со ковид-19. Воедно, почитувајќи ги измените во регулативата на Народна банка на Република С. Македонија таргетирани кон најпогодените субјекти од кризата, Банката овозможи и одложување на намирувањето на кредитните обврски на дел од клиентите кои се соочуваат со потешкотии произлезени од настанатата ситуација.

Во периодот што следува, се очекуваат првите знаци на економско закрепнување. Банката будно ќе ги следи сите макроекономски параметри и интерни индикатори и ќе го приспособува своето работење на деловната клима и динамикa на пазарот, притоа водејќи прудентна политика првенствено насочена кон одржување на ликвидноста и долгорочната стабилност.

Интензивно ќе се работи на развој и понуда на производи приспособени на потребите на клиентите – правни и физички лица што беа најпогодени од ковид-19 кризата. Како една од најзначајните стратешки определби на Банката останува континуираниот развој и усовршување на информативната технологија и примена на нови Business Intelligence решенија, дигитализација на продуктите и сервисите на Банката преку развој на дигитални платформи за привлекување и комуникација со клиентите што е во согласност со стратешките цели на Банката. На таков начин планираме да го таргетираме сегментот од населени кои поинтензивно ги користи услугите на дигиталното банкарство преку мобилните и останатите електронски уреди, особено во услови на работење кога е неопходно сведување на минимум физичкото присуство на клиентите во банките. Активно ќе се следи постоечкото портфолио на кредити со цел да се преземат навремени мерки при детектирани тешкотии во отплатата, а заради одржување на квалитетот на кредитното портфолио. Во сила остануваат поставените стратешки и деловни цели на Банката.

На крај, изразувам огромна благодарност до сите наши клиенти, деловни соработници, акционери, менаџментот и вработените, кои дадоа придонес за досегашното успешно работење на Банката. Лојалноста и поддршката од нивна страна претставува уште еден дополнителен мотив за понатамошен раст и просперитет на Банката.”, вели Владимир Ефтимоски, претседател на Управниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола.

Домашни банки

Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

Објавено

на

Банките се двигатели на секоја економија, а нивната одговорност кон клиентите е повеќеслојна и поеднакво се однесува и на бизнисите (правните лица) и на поединците (физичките лица). (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Доделен автомобилот TESLA на среќниот добитник во наградната игра на Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Најсреќниот добитник во големата наградна игра на Стопанска банка, Ацо Савиќ, вчера (23 ноември) пред просториите на Банката во центарот на Скопје ги доби клучевите од новиот автомобил TESLA model 3. Автомобилот е главната награда од наградната игра на Стопанска банка со Mastercard платежните картички „Најбрзо до Тесла возило со СБ”, која траеше од 1 јули до 31 октомври. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ЕБОР одобри 9 милиони ЕУР кредит на ПроКредит Банка во Северна Македонија

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) доделува нови средства за поддршка на младите претприемачи и основање на бизниси, како и за промовирање на зелени финансии во Северна Македонија, преку финансискиот пакет од 9 милиони ЕУР одобрен за ПроКредит Банка. (more…)

Продолжи со читање

Популарно