Connect with us

Домашни банки

Стопанска банка а.д. Битола го објави Годишниот извештај за работењето во 2017 година

Објавено

на

Во текот на 2017 година Стопанска банка а.д. Битола првенствено се фокусираше кон креирање дополнителна вредност како за клиентите така и за Банката преку: понуда на атрактивни депозитни производи, солидна кредитна поддршка на населението и корпоративниот сектор со прифатливо ниво на ризик, одржување оптимални стапки на ликвидност и адекватност на капиталот, како и негување добри деловни односи со клиентите, деловните соработници и акционерите, притоа доследно почитувајќи ја законската и подзаконската регулатива.

Во едно динамично окружување во кое доминираа воздржана инвестициона активност, политичка неизвесност и генерално економска несигурност, Банката покажа висок степен на респонзивност на промените и успеа да оствари солиден позитивен финансиски резултат, односно добивка пред оданочување во износ од 46,38 милиони денари. Со тоа беше постигната стапка на поврат на капиталот од 3,32% и стапка на поврат на активата од 0,39%.

Паралелно со добриот перформанс во билансот на успех, раст беше остварен и кај клучните позиции на страната на средствата и изворите. Така, вкупната актива на Банката порасна за 4,66% на годишна основа, кредитите се зголемија за 10,36%, додека депозитите пораснаа за 5,30%. Силната капитална позиција останува една од главните одлики на Банката со стапка на адекватност на капиталот од 17,52%. Ваквите податоци се уште една потврда за посветеноста на Банката да делува како партнер од доверба и верен поддржувач на активностите на нашите клиенти правни лица и домаќинства, да негува добри деловни односи со соработниците, да ја зголемува вредноста на капиталот и да придонесува за раст и развој на економијата во целост. Паралелно со доброто остварување кај клучните показатели, Банката успеа да ја зајакне и позицијата во рамки на банкарскиот сектор и групата средни банки, што е одраз на добропоставени стратегиски и деловни цели, јасна визија и мисија, стручно раководство и посветеност на менаџментот и вработените кон стварување на поставените цели. Изминатата година напорно се работеше и на следење на модерните банкарски трендови и анализа на потребите на клиентите, што резултираше со воведување нови производи и услуги и унапредување на перформансот на постојните.

Во идниот период Банката ќе продолжи да го поддржува развојот на бизнис-заедницата, да одговара на потребите на домаќинствата, да го оплодува акционерскиот капитал и да придонесува кон развојот на економијата.

На крај, Банката изразува огромна благодарност до сите свои клиенти, деловни соработници, акционери, менаџментот и вработените, кои дадоа свој придонес за досегашното успешно работење на Банката.

Целиот Годишен извештај за работењето на Стопанска банка а.д. Битола за 2017 година, можете да го погледнете на следниов линк.

Домашни банки

Банките нема да им наплаќаат на социјалните случаи за деблокирање на сметките

Објавено

на

Банките нема да им наплаќаат на социјалните случаи за деблокирање на сметките поради неплатени долгови. На вчерашната средба на Банкарската асоцијација со министерот Тевдовски и министерката Дескоска, банките се согласиле да не наплаќаат надомест доколку се блокира сметка на човек кој е социјален случај, прима алиментација, хуманитарна помош или друг вид заштитен приход. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ЕБОР: Во Македонија има многу банки, а пазарот е мал

Објавено

на

Во Македонија има многу банки а пазарот е мал. Во најновиот извештај за за транзицијата 2018-2019, ЕБОР сугерира конослидација на банкарскиот сектор и развивање на капацитетите за обновлива енергија. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка најуспешна во тргување на девизните пазари

Објавено

на

Светскиот магазин Global Finance, со седиште во Њујорк, САД,  на Комерцијална банка АД Скопје ѝ ја додели наградата „Најдобар FX Провајдер за Република Македонија (Најдобар давател на услуги од областа на девизните пазари во Македонија за 2019 година)“. Ова е петто  по ред  признание за најуспешно работење на Комерцијална Банка АД Скопје во доменот на тргување со финансиски инструменти во Република Македонија,  доделено од Global Finance. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange