Connect with us

Наградни игри

Стопанска банка а.д Битола ги додели наградите од ,,Вреди да се штеди’’! Автомобилот оди во Охрид!

Објавено

на

Денес, во централата во Битола беа доделени наградите од наградната игра на Стопанска банка а.д. Битола „Вреди да се штеди”.

Наградната игра траеше од 16.10.2020 година до 31.01.2021 година, извлекувањето беше на 8-ми февруари, а главната награда беше автомобил Citroen C1. Среќниот добитник на автомобилот, Зоран Вељаноски е од Охрид и новиот Citroen C1 заминува таму.

„Кога ја видов објавата за наградната игра на Стопанска банка а.д. Битола веднаш се одлучив да ги орочам средствата согласно условите, за да си ја пробам среќата. Често од забава учествувам и играм игри на среќа, но ова дефинитивно е најголемата награда која што ја имам добиено до сега. Среќен сум и задоволен и знам дека сигурно ќе продолжам да учествувам во ваков тип игри на среќа, но и дека ќе останам клиент на Стопанска банка а.д. Битола” – вели добитникот на главната награда Citroen C1, Зоран Вељаноски од Охрид.

Покрај оваа награда, беа доделени и 2x MacBook Air 13’’ и 3x мобилни телефони iPhone 11.

На сите добитници, Стопанска банка а.д. Битола им честита и им посакува да уживаат во наградите и да останат верни корисници на услугите на Банката.

Наградни игри

Добитници на награди од наградната игра „Среќа е да трошиш со УНИБанка“

Објавено

на

На ден 08.04.2021 со почеток од 15.00 часот се одржа извлекувањето на среќните добитници од наградната игра „Среќа е да трошиш со УНИБанка“ во просториите на УНИБанка АД Скопје со адреса ул. Маким Горки бр.6, 1000 Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Наградни игри

Добитници од наградната игра „Среќа е да трошиш со УНИБанка“

Објавено

на

На ден 01.04.2021 со почеток од 15.00 часот се одржа извлекувањето на среќните добитници од наградната игра „Среќа е да трошиш со УНИБанка“ во просториите на УНИБанка АД Скопје со адреса ул. Маким Горки бр.6, 1000 Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Наградни игри

Халкбанк ги објави добитниците од финалното извлекување од наградната игра ,,Плаќај со HALKPAY и освојувај награди!”

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје го реализираше Главното извлекување на наградната игра ,,ПЛАЌАЈ СО HALKPAY И ОСВОЈУВАЈ НАГРАДИ!” на 10.03.2021 година во 12 часот. (more…)

Продолжи со читање


Популарно