Connect with us

Сметки

Стопанска Банка АД – Скопје воведе надоместок за плаќање на режиски трошоци

Објавено

на

Стопанска Банка АД – Скопје од 02.01.2018 година воведе надоместок за плаќање на режиски трошоци (струја, вода, парно греење и комунална хигиена) и други услуги од специјализирани добавувачи (телекомуникации, мобилна телефонија, кабелски оператори) на шалтерите на Банката.

Овој надоместок се однесува за плаќање на сметки/фактури на физички лица корисници на овие услуги, и тоа:

  • за плаќања од трансакциска сметка на клиентот во СБ, износ од 20 денари по поединечна сметка за режиски трошок или друга услуга од специјализирани добавувачи кои имаат отворено трансакциска сметка во СБ,
  • за плаќања со готовина на шалтерите на СБ, износ од 40 денари по поединечна сметка за режиски трошок или друга услуга од специјализирани добавувачи кои имаат отворено трансакциска сметка во СБ. 

За компаниите добавувачи на вакви услуги, кои немаат отворено трансакциски сметки во Банката, при плаќањето на нивните услуги ќе се применува делот од Тарифата кој се однесува на плаќања преку КИБС и МИПС од Тарифата за население и Тарифата за правни лица

Без надомест останува плаќањето на режиските трошоци и другите услуги од специјализирани добавувачи (на трансакциски сметки на добавувачите на такви услуги отворени во Стопанска Банка АД – Скопје) преку алтернативните i-bank канали или преку траен налог.

За детален увид во актуелните надоместоци обратете се во Филијалите на Банката, во Контакт Центарот на (02)3100-109 или на официјалната тарифа објавена на веб страната

Домашни банки

НЛБ Банка изврши дополнување и ажурирање на Општите услови за користење на трансакциска сметка

Објавено

на

НЛБ Банка АД Скопје ги информира своите почитувани клиенти дека изврши дополнување и ажурирање на Општите услови за користење на трансакциска сметка со 18.10.2021 година.

(more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО КЛИЕНТИТЕ: Промена на броевите на сметки во Охридска банка АД Скопје

Објавено

на

По преземањето на Охридска банка АД Скопје, од реномираната интернационална групација Штаермеркише Шпаркасе, со цел да се обезбеди непречено присоединување на Охридска банка АД Скопје кон Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, во изминатиот период се направија бројни подготовки. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка воведе Основен бизнис пакет за правни лица

Објавено

на

НЛБ Банка АД Скопје ги информира своите почитувани клиенти дека од денес (01.04.2021 година) изврши зголемување на провизијата за водење на денарска трансакциска сметка за правни лица со истовремено нејзино надградување во Основен бизнис пакет. (more…)

Продолжи со читање



Популарно