Connect with us

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје ќе исплаќа дивиденда во бруто износ од 6 денари по акција на имателите на приоритетни акции

Објавено

на

Врз основа на член 26 од Статутот на Стопанска банка АД – Скопје (С.О. бр. 399 / 04.03.2020 година), Собранието на акционери на Стопанска банка АД – Скопје, на 49-та седница оддржана на 29.06.2021 година, а врз основа на Одлуката за усвојување на Годишната сметка и Финансиските извештаи на Стопанска банка АД – Скопје за 2020 година (С.О.бр. 422 / 29.06.2021 година) и Одлуката за распоредување на добивката на Стопанска банка АД – Скопје за 2020 година (С.О. бр. 425 / 29.06.2021 година), донесе Одлука за начинот на пресметување и исплата на дивиденда на имателите на приоритетните акции (С.О. бр. 427 / 29.06.2021 година).

Стопанска банка АД – Скопје ќе изврши исплата на дивиденда на имателите на приоритетните акции во бруто износ од 6 денари по акција.

Се известуваат акционерите на Стопанска банка АД – Скопје дека Банката ќе врши исплата на дивиденда за приоритетните акции за 2020 година врз основа на следниот дивиденден календар:

  • Датум на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право на дивиденда, односно датум на пресек на Акционерската книга, е 15.07.2021 година.
  • Последен ден на тргување со право на дивиденда е 13.07.2021 година.
  • Прв ден на тргување без право на дивиденда е 14.07.2021 година.
  • Дивидената ќе се исплати во вид на еднократно плаќање најдоцна во рок од 30 дена а не подоцна од 29.07.2021 година.

Дивидендата ќе се исплати на имателите на приоритетни акции на трансакциските сметки кои имателите ги имаат во Стопанска банка АД – Скопје.

Со цел непречена исплата на дивидендата, се повикуваат сите иматели на приоритетни акции кои немаат трансакциска сметка во Стопанска банка АД – Скопје во денари, а кои имаат право на дивиденда, да се обратат во една од филијалите на Банката, со цел отворање на трансакциска сметка. На овој начин, имателите на приоритетни акции кои имаат право на дивиденда ќе можат веднаш да располагаат со дивидендата по нејзината исплата. Aкционерите кои сакаат дивидендата да им биде исплатена на трансакциска сметка во друга банка потребно е лично да достават копија од трансакциска сметка и лична карта во Дирекцијата за работа со хартии од вредност и брокерско-посреднички услуги на Стопанска банка АД Скопје (Филијала Младина-ГТЦ), каде ќе им биде обезбедена за потпис и инструкција за исплата.

Се замолуваат акционерите при подигање на дивидендата од шалтерите на Стопанска банка АД – Скопје со себе да носат валиден документ за идентификација.

Домашни банки

Огромно срце за сите на точак – нов #ВозиПравоВозиЗдраво предизвик за #НеделаНаМобилност

Објавено

на

Овие денови пред 6 години Стопанска банка АД – Скопје го организираше првото издание на „Вози право, вози здраво“ и почна да ја „вози“ заедно со своите поддржувачи оваа приказна за грижа за нашата животна средина и за развој на вело културата! (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Експозитурата на УНИБанка во Охрид отсега на нова локација со нов и модерен изглед

Објавено

на

УНИБанка ги известува своите клиенти дека експозитура Охрид е преселена на нова локација во помодерни простории со цел подобрување на корисничкото искуство.  (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка спонзор на ИФФК „Браќа Манаки“

Објавено

на

Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ со целата своја уметничка вредност годинава се враќа во Битола со своето 42-ро издание. Филмските уметници и нивните љубители од 16 до 21 септември во Битола, преку една хибридна форма, ќе имаат можност да уживаат во програмата на фестивалот која содржи 10 долгометражни и 10 кратки филмови.

(more…)

Продолжи со читање



Популарно