Домашни банки
Стопанска банка АД – Скопје ќе исплати дивиденда во бруто износ од 5 денари по акција на имателите на приоритетни акции


Врз основа на член 26 од Статутот на Стопанска банка АД – Скопје (С.О. бр. 399 / 04.03.2020 година), Собранието на акционери на Стопанска банка АД – Скопје, на 50-та седница оддржана на 31.05.2022 година, а врз основа на Одлуката за усвојување на Годишната сметка и Финансиските извештаи на Стопанска банка АД – Скопје за 2021 година (С.О.бр. 439 / 31.05.2022 година) и Одлуката за распоредување на добивката на Стопанска банка АД – Скопје за 2021 година (С.О. бр. 441 / 31.05.2022 година), донесе Одлука за начинот на пресметување и исплата на дивиденда на имателите на приоритетните акции (С.О. бр. 444 / 31.05.2022 година).
Стопанска банка АД – Скопје ќе изврши исплата на дивиденда на имателите на приоритетните акции во бруто износ од 5 денари по акција.
Се известуваат акционерите на Стопанска банка АД – Скопје дека Банката ќе врши исплата на дивиденда за приоритетните акции за 2021 година врз основа на следниот дивиденден календар:
– Датум на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право на дивиденда, односно датум на пресек на Акционерската книга, e 15.06.2022 година.
– Последен ден на тргување со право на дивиденда е 13.06.2022 година.
– Прв ден на тргување без право на дивиденда е 14.06.2022 година.
– Дивидената ќе се исплати во вид на еднократно плаќање најдоцна во рок од 30 дена, а не подоцна од 30.06.2022 година.
Дивидендата ќе се исплати на имателите на приоритетни акции на трансакциските сметки кои имателите ги имаат во Стопанска банка АД – Скопје.
Важна напомена: Со цел непречена исплата на дивидендата, се повикуваат сите иматели на приоритетни акции кои немаат трансакциска сметка во Стопанска банка АД – Скопје во денари, а кои имаат право на дивиденда, да се обратат во една од филијалите на Банката, со цел отворање на трансакциска сметка. На овој начин, имателите на приоритетни акции кои имаат право на дивиденда ќе можат веднаш да располагаат со дивидендата по нејзината исплата. Aкционерите кои сакаат дивидендата да им биде исплатена на трансакциска сметка во друга банка потребно е лично да достават копија од трансакциска сметка и лична карта во Дирекцијата за работа со хартии од вредност и брокерско-посреднички услуги на Стопанска банка АД Скопје (Филијала Младина-ГТЦ), каде ќе им биде обезбедена за потпис и инструкција за исплата.
Се замолуваат акционерите при подигање на дивидендата од шалтерите на Стопанска банка АД – Скопје со себе да носат валиден документ за идентификација.
Депозити
Колку заштедивте летово? Сега е моментот – 2% фиксна каматна стапка за орочени депозити во ПроКредит Банка


Летната сезона е момент кога сакаме да се релаксираме, кога трошоците ни се предвидени за уживање, но секогаш е добредојдено да испланирате и сигурна заштеда за иднината! (more…)
Домашни банки
„Поетска ноќ во Велестово“ по 34-ти пат со поддршка од Комерцијална банка


Комерцијална банка е долгогодишен пријател и поддржувач на македонското културно творештво со цел не само негово промовирање, туку и негување и создавање идни културни дејци. Во духот на оваа општествено одговорна мисија, Банката и оваа година го поддржа одржувањето на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово”. (more…)
Домашни банки
„За повеќе детски насмевки“ – нова заедничка соработка на Шпаркасе Банка и СОС Детско село


По повод 19 август – Светскиот ден на хуманоста, Шпаркасе Банка ја најавува новата соработка со својот долгогодишен партнер – СОС Детско село и заедничката кампања под мотото „За повеќе детски насмевки“, која ја пренесува силната порака за моќта на поврзувањето и градењето силни врски на доверба и поддршка, кои му се потребни на секое дете за да прерасне во силна индивидуа. (more…)
- Останатопред 4 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Кредитипред 3 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Депозитипред 2 months
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 2 months
Ова лето можеш сè
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје