Connect with us

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје ќе ги издава КУПУВАМ ДОМАШНО картичките до 17 јули

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите клиенти дека во проектот Купувам домашно, Банката учествува со над 110.000 платежни картички (ДПК) кои се изработуваат секојдневно и испраќаат во филијалите. Откако картичките ќе стигнат во филијалата за која се наменети, се доделува термин за подигнување на картичката и клиентите добиваат СМС или можат да проверат на веб формуларот www.stb.com.mk/DPK кога и каде да ја подигнат картичката.

Состојбата до 23 јуни покажува дека Стопанска банка има изработено повеќе од 70.000 картички од вкупните 110.000 и тој процес продолжува во следните 2 недели кога ќе бидат изработени преостанатите картички. За овие 10 дена подигнати се 25% од сите планирани картички и истите активно се користат во продажната мрежа. Процесот на изработка и дистрибуција на картичките продолжува со предвиденото темпо, но потребно е трпение и разбирање затоа што процесот бара време и ресурси, а филијалите на Банката работат во вонредни услови со максимален капацитет и со продолжено работно време.

Стопанска банка АД – Скопје апелира граѓаните да го почитуваат доделениот термин и да не доаѓаат во филијалите за информирање. Сите информации се достапни бесплатно и во секое време на веб страницата на Банката за секој клиент одделно.

Картичките за кои при проверка на www.stb.com.mk/DPK стои пораката „СЕ ИЗРАБОТУВААТ“ ќе бидат достапни во следните денови, граѓаните може да проверуваат секојдневно, терминот ќе се појави штом картичката биде достапна за подигнување.

НАПОМЕНА: Со доаѓање во филијалата без термин и проверка дека картичката им е изработена во Стопанска банка, граѓаните се соочуваат со непотребно чекање во ред, веројатно нема да може да влезат во филијалата, бидејќи приоритет имаат клиентите со термин, а притоа непотребно се изложуваат на гужви и на здравствен ризик.

Стопанска банка АД – Скопје ги потсетува граѓаните дека првата проверка ДАЛИ им следува картичка е достапна на https://www.kupuvamdomasno.gov.mk/

Домашни банки

Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

Објавено

на

Банките се двигатели на секоја економија, а нивната одговорност кон клиентите е повеќеслојна и поеднакво се однесува и на бизнисите (правните лица) и на поединците (физичките лица). (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Доделен автомобилот TESLA на среќниот добитник во наградната игра на Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Најсреќниот добитник во големата наградна игра на Стопанска банка, Ацо Савиќ, вчера (23 ноември) пред просториите на Банката во центарот на Скопје ги доби клучевите од новиот автомобил TESLA model 3. Автомобилот е главната награда од наградната игра на Стопанска банка со Mastercard платежните картички „Најбрзо до Тесла возило со СБ”, која траеше од 1 јули до 31 октомври. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ЕБОР одобри 9 милиони ЕУР кредит на ПроКредит Банка во Северна Македонија

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) доделува нови средства за поддршка на младите претприемачи и основање на бизниси, како и за промовирање на зелени финансии во Северна Македонија, преку финансискиот пакет од 9 милиони ЕУР одобрен за ПроКредит Банка. (more…)

Продолжи со читање

Популарно