Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје ја зголемува безбедноста во пристапот кон интеренет страната на Банката

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ги информира своите клиенти дека од 1.4.2019 година до веб-страната на Банката ќе може да се пристапува единствено од пребарувачи кои го поддржуваат безбедносниот стандард TLS верзија 1.1 или повисоки верзии.

Банката врши надградба во повисока верзија на TLS протокол.

Што е TLS?

TLS е акроним за „Transport Layer Security“ – протокол кој овозможува на електронските уреди (компјутери, таблети, телефони) да комуницираат преку Интернет на безбеден начин овозможувајќи трансфер на податоци во сигурна околина без ризик од надворешни напади.

Зошто е неопходен TLS 1.1?

Последните безбедносни стандарди го прават користењето на TLS 1.1 неопходно и оваа верзија на сигурносниот протокол ја воведуваат голем број на компании како што се PayPal, Western Union, VISA, MasterCard и други. Повеќето страници кои ги посетувате секојдневно наскоро ќе ги одбиваат сите TLS 1.0 конекции и потребно е најдоцна до 1.4.2019 да направите надградба кон TLS 1.1, а со тоа да продолжите да ја користите веб-страната на Стопанска банка АД – Скопје,како и каналите на дигитално банкарство на Стопанска банка АД – Скопје.

 

Домашни банки

НЛБ Банка спонзор на настанот “5.FMCG SUMMIT Скопје 2019”

Објавено

на

НЛБ Банка е спонзор на настанот “5.FMCG SUMMIT Скопје 2019”, кој се одржува денес (16.05) и на едно место ги обедини трговците, дистрибутерите и производителите за да ги слушнат новитетите од најзначајните домашни, регионални и светски авторитети во FMCG секторот. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Добивката на Стопанска банка АД-Скопје намалена за неверојатни 42,9%

Објавено

на

Во периодот од 01.01.2019 до 31.03.2019 година Стопанска банка АД – Скопје (во натамошниот текст: СБ) оствари нето добивка пред оданочување во износ од 599.895 илјади денари, што претставува намалување за 42,9% споредено со нето добивката остварена во анализираниот период минатата година. Намалениот резултат во тековниот период се должи на ефектот од решениот статус на должникот Фени Кавадарци во првиот квартал од 2018, кога СБ склучи договор за продажба на своите побарувања со што во билансите на Банката беше евидентирано ослободување на исправката на вредност и истото имаше соодветен ефект врз остварениот финансиски резултат, објави банката преку соопштение на Македонска берза. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Работилница со ПроКредит Банка: Важноста на комуникациските вештини во процесот на селекција при вработување

Објавено

на

Важноста на комуникациските вештини при вработување е особено голема во модерното и динамично општество поради се поголемата конкуренција на пазарот на трудот. (more…)

Продолжи со читање
Unibanka_banner_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange