Connect with us

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје: Филијала Охрид преселена во нов современ простор со автентичен охридски амбиент

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје е присутна во Охрид од самите свои почетоци и се гордее што речиси 80 години е финансиски партнер од доверба за граѓаните и за компаниите кои гравитираат околу градот. Следејќи ги современите потреби за клиентите кои ги користат филијалите на Банката, неодамна Стопанска банка АД – Скопје изврши преселба на филијалата и вработените во нов простор во центарот на градот. Во куќата на ул. Димитар Влахов бр. 2 која го задржа својот автентичен охридски изглед, Банката ја вклопи работата на филијалата на начин што им нуди на клиентите појасна поделба на функциите, поголема достапност и подобрени услови за соработка со нашите вработени.

По тој повод, Банката денеска организираше пригоден коктел во просториите на новата филијала во присуство на членовите на Управниот одбор и останати директори од централата на Банката кои беа активно вклучени во подготовката на новиот простор и неговото уредување.

Користејќи ја приликата, генералниот извршен директор и претседател на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје, г. Диомидис Николетопулос изјави:

“Денес ве повикавме на добредојде во новите простории во овој уникатен град. Охрид е толку атрактивен и препознатлив по својата автентична архитектура и природни убавини што заслужува сите кои функционираат во него да делуваат од атрактивни простории. Затоа, нѐ радува што можеме да функционираме на оваа нова локација сместена во најубавиот дел од градот и тоа во куќа како  културен споменик која на најдобар начин ги спојува долгата традиција на нашата Банка и силното присуство во градот и регионот. Изразувам голема благодарност на сите наши колеги кои помогнаа да се спроведе овој проект; планираме новата филијала целосно да ги задоволи потребите на нашите клиенти, граѓани и компании бидејќи покрај традиционалните банкарски активности, ќе биде советодавен центар кој на најдобар можен начин ќе ги поддржува компаниите и домаќинствата во регионот.“

Директорот на филијала Охрид г. Дејан Блажески исто така им се обрати на присутните изјавувајќи:

“Како дел од најголемата банка на пазарот која се уште расте и се развива заедно со своите клиенти, чекорот на преселба на филијалата во нови објекти со модерен отворен концепт е сосема соодветен.

Ме радува фактот што веќе ги имавме првите денови во овој наш нов дом и успеваме да покажеме дека Охрид може да продолжи да се потпира на услугите и производите на Стопанска банка која со генерации е во поддршка на градот и регионот. Благодарност до менаџментот за секојдневната поддршка во реализацијата на овој значаен проект, тимот од филијалата ќе продолжи да остварува резултати и да биде значаен дел од организацијата.“

Новите простории на филијала Охрид се наоѓаат на ул. Димитар Влахов бр. 2, со работно време од понеделник до петок од 8:30 до 16 часот. Во градот се достапни дополнителни 5 АТМ локации.

Домашни банки

Радмила Јованова од Шпаркасе Банка – Филијала Штип со награда за спортски подвиг во 2022 година

Објавено

на

Општина Штип традиционално секоја година организира настан – „Избор на спортист на годината на Штип”, на кој се избираат најдобрите спортисти и спортски работници и клубови во изминатата година.

(more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Добивката на ТТК Банка порасна за 36,4% и дојде до 1 милион евра во 2022 година

Објавено

на

Во услови на изразена економска и енергетска криза, динамичен пазар и силна конкуренција, водејќи се од основните принципи за сигурно и стабилно работење, ТТК Банка АД Скопје управуваше успешно со сите деловни аспекти од работењето што ја одразува одржливоста на деловен модел. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Одличното справување со NPL на Халкбанк и донесе профит од 12 милиони евра во 2022 година

Објавено

на

Халкбанк ги објави резултатите од работењето во изминатата 2022 година, кои го потврдија епитетот најбрзо растечка банка во Северна Македонија. Сето тоа постигнато со посветена работа, добро дефинирана стратегија и фокус на зацртаните цели. (more…)

Продолжи со читање

Популарно