Connect with us

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје со посебен режим за исплата на пензиите и ново работно време на 28.03

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите клиенти – пензионерите дека согласно најавата, исплатата на мартовските пензии на шалтер ќе биде овозможено од сабота 28.03.2020 поради што Банката најавува посебен режим за работа.

Сите 55 филијали на Банката ќе бидат отворени од 08 до 13 часот. Во овој број на филијали влегуваат и филијалите кои вообичаено не работат во сабота.

Стопанска банка АД – Скопје ги повикува клиентите корисници на пензии да ги користат дебитните картички, банкоматите и да избегнуваат посета на филијалите. Доколку веќе мора да ја посетат филијалата, да поднесат барање за изработка на бесплатна дебитна картичка за полесно располагање со средствата во претстојниот период.

55 филијали на Банката ќе работат во сабота 28.03, додека исклучени се и понатаму 10-те филијали кои веќе 2 недели поради вонредната состојба не работат со клиенти.

Затворени филијали остануваат:

  • Тетово 2
  • Клиники
  • Карпош 4
  • Ѓорче Петров
  • Мајка Тереза
  • Ново Лисиче
  • Веро Центар
  • Битпазар
  • i-bank store
  • Расадник

Домашни банки

Силк Роуд Банка го промени работното време на експозитурата во Куманово

Објавено

на

Силк Роуд Банка АД Скопје ги известува сите клиенти на банката физички и правни лица од Куманово дека поради новонастанатата ситуација во Куманово и одлуката на Владата за забрана на движењето на населението (полициски час), почнувајќи од 06.04.2020 година (понеделник), експозитурата ќе работи со скратено работно време и тоа од 08:30 до 14:00 часот. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка го промени работното време на експозитурите

Објавено

на

Во согласност со моменталната ситуација на ширење на Корона вирусот, а со цел заштита на клиентите и вработените, НЛБ Банка изврши промена на работното време на своите експозитури почнувајќи од понеделник 06.04.2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Известување од ТТК Банка за промена на договорните услови за кредитните производи на правни лица

Објавено

на

Врз основа на Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за методологијата за управување со кредитниот ризик на НБРСМ („Службен весник на Република Северна Македонија бр.76/20 од 24.3.2020 година) и Уредбата со законска сила за начинот на промената на договорните услови на кредитните изложености кај банките и штедилниците (Службен весник на Република Северна Македонија бр.80 од 27.3.2020 година), а со цел ублажување на последиците од пандемијата на COVID-19, ТТК Банка АД Скопје на ден 3.4.2020 година објави: (more…)

Продолжи со читање

Популарно