Connect with us

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје со поддршка и за традиционалното и за новото

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје како Банка со најдолга историја на пазарот, традиционално обезбедува поддршка на настани од клучно значење за културата и промоцијата на нашите вредности.

Оваа година, во истиот викенд се одвиваа и отворањето на Охридско лето како и Галичка свадба. Покрај тоа што привлекуваат бројна домашна публика, овие 2 манифестации го привлекуваат вниманието и на светската јавност затоа што зрачат со уникатна содржина, автентична на поднебјето.

Охридско лето со отварањето во единствениот Антички театар и богатата програма која следи како и тродневната свадбена церемонија во живописниот Галичник заслужуваат поддршка и Стопанска банка АД-Скопје го поздравува нивното успешно остварување уште една година.

Стопанска банка АД – Скопје останува на страна на културата и на страната на заедницата од која потекнува и со која заедно создава трајни вредности.

Дополнително, веќе четврта година, Банката е еден од пријателите на Д-фестивалот во Дојран, еден од ретките фестивали со фестивалски камп во регионот. Покрај богатата музичка содржина, фестивалот нуди филмски, театарски и други уметнички перформанси, како и камп дружење за младите посетители. ТОПСИ тимот и оваа година обезбеди пинг-понг маса за рекреација, бројни интерактивни содржини и подароци за присутните. Со ТОПСИ брендот, посветен на младите од 18 до 28 години, Банката се приближува до своите клиенти на кои им е потребна финансиска едукација, и едноставни производи и услуги со кои ќе го почнат самостојното водење на финансиите, една од најзначајните вештини во денешно време. Добро е што ТОПСИ брендот може природно да се вклопи во ваквите настани како Д-фестивалот и да стане препознатлив и прифатен од посетителите.

Домашни банки

Комерцијална банка прогласена за Банка на годината во 2021 година од магазинот The Banker

Објавено

на

За „Банка на годината во 2021 година во Република Северна Македонија“ е прогласена Комерцијална банка АД Скопје. Оваа престижна награда финансискиот магазин The Banker ѝ ја доделува на Комерцијална банка втора година по ред, препознавајќи ги нејзината клучна улога во поддршката на економското закрепнување во земјава и излегувањето во пресрет на потребите на клиентите.  (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Кире Наумов и Фарук Исмаили ќе продолжат да раководат со Развојната банка

Објавено

на

Развојна банка на Северна Македонија преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување на Банката. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Петер Зелен реименуван за член на Управниот одбор на НЛБ Банка

Објавено

на

НЛБ Банка АД Скопје преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување на Банката. (more…)

Продолжи со читање


Популарно