Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Депозити

Стопанска банка АД-Скопје со нови каматни стапки за депозитите за население

Објавено

на

Стопанска банка АД-Скопје започнувајќи од 01.07.2019 изврши промена на каматните стапки на депозитите на население.

Воедно во примена од 01.07.2019 Стопанска банка изврши:

1. Воведување на фиксни каматни стапки и укинување на променлива каматна стапка, за нови орочени депозити со рокови на орочување до (и) 36 месеци и

2. Укинување за нови орочувања за следните видови на орочени депозити:
   – Орочен депозити МОЈ ПЛАН за рок на орочување од 48 и 60 месеци, во валути: МКД И ЕУР.
   – Орочени девизни депозити со камата во денари со рокови на орочувања од 1, 3, 6, 12 и 24 месеци, во валути: ЕУР и УСД.

Постојните орочени депозити кои се укинуваат од понудата на СБ, остануваат во примена до денот на достасаност при што согласно Договорот за конкретниот орочен депозит, СБ го преорочува согласно важечките услови на денот на преорочување.

Се известуваат клиентите на овие депозити, дека имаат можност да го уредат својот деловен однос со СБ и да извршат мигрирање на средствата од постојниот депозит на некои од останатите важечки депозитни производи на СБ.

Увид во актуелните каматни стапки, клиентите можат да извршат во Филијалите на Банката, на 24/7 Контакт центарот на (02) 3100-109 или во листата со каматни стапкиобјавена на веб страницата на Банката.

Депозити

Со ФИКС Јуниор создадете среќна иднина за вашето дете!

Објавено

на

Октомври е месецот на штедење, па затоа ФИКС Јуниор е тука да ве потсети колку е важно да ја обезбедите иднината на Вашите најмили со детското штедење на УНИБанка! (more…)

Продолжи со читање

Депозити

Онлајн депозит на Халкбанк за едноставно штедење со само еден клик

Објавено

на

Онлајн депозитот кој во октомври, месецот на штедење, Халкбанк го понуди на пазарот, претставува иновативен производ кој овозможува едноставно и лесно, само со еден клик, да почне да се штеди. Производот е наменет за физички лица, корисници на електронско банкарство на Халкбанк и со него клиентите заштедуваат време бидејќи нема потреба од посета на филијала на Банката и потпишување и печатење на Договори за депозит. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

TТК Банка АД Скопје ги намали каматните стапки на депозитите на физичките и правните лица

Објавено

на

Со важност од 01.10.2019 година, ТТК Банка АД Скопје ги намали каматните стапки на денарските депозити на физичките лица и денарските и девизните депозити во евра на правните лица. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange