Connect with us

Домашни банки

Стопанска банка АД Скопје со нова реновирана филијала во Струга

Објавено

на

Вчера во Струга на свеченост пред голем број на партнери и соработници беше пуштен во употреба реновираниот објект на Стопанска банка сместен во центарот на градот. Направен во модерен стил и според сите стандарди, според првите луѓе на банката, на стружни ќе им понуди најквалитетни услуги и понуди како и брза и ефикасна услуга и завршување на нивните секојдневни потреби и барања.

„Поводот што денеска сме собрани овде е отварањето односно реновирањето на филијалата во Струга на Стопанска банка. Ова се случува после долго време и во интерес на клинетите за да им овозможиме подобри услови за да може да ги извршуваат сите свои потреби во банката. Но, Стопанска банка освен што вложува во просториите, Стопанска банка секогаш е еден чекор напред во ИТ инвестициите што на клинетите и на компаниите им овзоможува сите свои плаќања да ги вршат од своите куќи, канцеларии и мобилни телефони. Стопанска банка нема да застане само на ова и понатаму ќе ги следи барањата и трендовите кои ќе бидат во банкарскиот систем и секогаш ќе биде на страната на клинетите“ – изјави Фатмир Идризи, Главен директор за односи со клиенти.

Извор: alsat-m.tv

Домашни банки

Компаниите имаат поголеми заштеди од граѓаните

Објавено

на

Според Народна Банка на Република Македонија, во мај, кај вкупните депозити е забележано месечно зголемување од 1,9%, при што во услови на депозитен раст кај двата сектора, месечната промена во поголем дел произлегува од зголемувањето на депозитите на корпоративниот сектор. Од друга страна, овој месец се забележува засилување на депозитниот раст на годишна основа со стапка од 9,8% (највисока годишна стапка на раст од јануари 2015 година наваму), со најизразен придонес на депозитите на секторот „домаќинства“.

Во мај вкупните депозити на корпоративниот сектор бележат нагорна месечна
и годишна промена од 3,8% и 9,3%, соодветно. Притоа, придонесот кон месечниот
раст главно е распределен помеѓу краткорочните депозити во странска валута и во
денари и депозитните пари, додека годишниот раст во најголем дел произлегува од
депозитните пари, а во помал дел и од краткорочните девизни депозити, коишто
заедно сочинуваат 93,3% од растот

Во мај, кај вкупните депозити на граѓаните е евидентиран месечен раст од
0,6%, главно поради зголемените девизни депозити. Годишниот раст изнесува
8,9% и е распределен помеѓу депозитите во денари и во странска валута коишто
имаат речиси еднаков придонес кон растот.

 

Продолжи со читање

Домашни банки

Граѓаните и фирмите земале повеќе кредити

Објавено

на

Народна Банка на Република Македонија, денес излезе со официјален извештај за кредитната способност, но и задолжувањата на граѓаните и банките во месец мај 2018 година.

Кај вкупните кредити во мај е евидентиран месечен раст од 1,2%, што се должи на зголеменото кредитирање на двата сектора коишто имаат речиси подеднакво учество во месечната промена. Годишниот кредитен раст изнесува 6,3% и во поголем дел произлегува од растот на кредитите одобрени на секторот „домаќинства“ (придонес кон растот од 72,6%).

Кредитите на корпоративниот сектор во мај забележаа зголемување на месечна и годишна основа од 1,1% и 3,2%, соодветно. Од аспект на валутната структура, кредитите одобрени во денари имаат поголемо учество во месечниот раст, а на годишна основа растот во целост произлегува од денарските кредити, при намалено кредитирање во странска валута.

Вкупните кредити на домаќинствата на месечна и годишна основа се зголемени за 1,3% и 9,6%, соодветно. Притоа, месечниот и годишниот раст на кредитната активност во најголем дел се должат на растот на кредитите одобрени во денари (98,3% и 91,3%, соодветно).

Анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица кај најзастапената категорија ‒ потрошувачките и станбените кредити е забележан месечен раст од 1,3% и 1,1%, соодветно, при годишен раст од 11,0% и 15,0%, соодветно. Кај автомобилските кредити, втор месец по ред, е забележано месечно намалување од 0,7%, додека на годишно ниво е остварен раст од 2,0%. Кредитите одобрени на кредитни картички бележат нагорна месечна промена од 0,2%, во услови на годишен пад од 0,7%. Овој месец, негативните салда на тековните сметки се зголемени на месечна и годишна основа за 5,6% и 4,2%, соодветно, додека кредитите одобрени врз други основи бележат месечно и годишно намалување од 0,1% и 1,0%, соодветно.

 

Продолжи со читање

Домашни банки

Силк Роуд Банка стана долгорочен партнер на Клиниката за детски болести во Скопје

Објавено

на

Силк Роуд Банка АД и Универзитетската клиника за детски болести во Скопје потпишаа меморандум за соработка, со кој банката прераснува во долгорочен партнер на Клиниката. Со меморандумот банката се обврзува дека за секоја трансакција извршена со Американ Експрес картичките ќе одвојува по 5 денари за потребите на Клиниката. Собраните средства ќе се искористуваат периодично, зависно од секоја поединечна потреба за набавка на материјали на Клиниката. Во првиот циклус, собраните средства ќе бидат употребени за целосно обновување на постелнините за сите креветчиња на Клиниката за детски болести во Скопје. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange