Connect with us

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје со нова понуда на пазарот – Стопанска лизинг започна со работа

Објавено

на

На прикладна свеченост за претставниците на медиумите, деловните партнери, клиентите, како и менаџментот и вработените, Стопанска банка АД – Скопје денеска го најави отпочнувањето со работа на својата нова компанија – Стопанска лизинг. За Банката со најдолга традиција на пазарот и исклучителен историјат на раст, истрајност и успешност, дејноста лизинг е логично продолжение на сето она што Стопанска банка секојдневно им го обезбедува на своите многубројни клиенти.

Лоцирани во центарот на градот, веднаш до Спомен-куќата на Мајка Тереза, тимот професионалци ги отвори вратите на просториите на Стопанска лизинг за сите физички лица и компании на кои им се потребни финансиски или оперативни лизинг производи.

Свеченото отворање се одржа со присуство и целосна поддршка на претставниците од Управниот одбор на Стопанска банка и претставниците од Групацијата на NBG, давајќи ѝ цврста потпора на новата компанија во планираниот развој и работење.

Користејќи ја приликата, г. Диомидис Николетопулос, генерален извршен директор и претседател на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје, изјави:

„Претставува голем предизвик да се носиме со наследство од речиси 80 години во банкарството, со постојан стремеж кон иновација и понатамошен развој со цел да се оствари уште посветла иднина. Но, тоа е она што ни го доверија нашите акционери и заедницата и тоа е причината зошто неуморно работиме да докажеме дека Стопанска е бренд кој зрачи со сигурност, доверба, партнерство и развој. Ми претставува задоволство што денеска отпочнуваме со уште една дејност во нашето портфолио со ветување дека на клиентите на Лизинг компанијата ќе им овозможиме највисоко ниво на финансиска поддршка и советување, впрочем, како и на клиентите на Стопанска банка АД – Скопје.“

г. Жарко Кржаловски, директорот на Стопанска лизинг изјави:

“Денеска сме тука за да ја одбележиме завршницата на еден период на енергични подготовки, организациско структурирање и вложување со цел да се отпочне со нова приказна на пазарот. Со Стопанска лизинг пазарот се збогатува со нов финансиски партнер за компаниите и физичките лица, несебично поддржан од препознатливите брендови Стопанска банка и Групацијата на NBG. Денешното отворање на вратите е симболично, со оглед на тоа што сакаме да сме постојано отворени за нашите клиенти и да им понудиме одржливи лизинг продукти и услуги. Би сакал да им се заблагодарам на сите вклучени во овој процес и да ги поканам сите заинтересирани клиенти да нѐ посетат или контактираат!“

Сите информации за понудата на лизинг производи се достапни во просториите на Стопанска лизинг.

Домашни банки

Шпаркасе Банка со нов дизајн и функционалности на S-банка мобилната апликација

Објавено

на

Новата верзија на S-банка со нов, модерен и интуитивен дизајн е веќе достапна за сите корисници на мобилно банкарство на Шпаркасе Банка. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка горда на резултатите на својот КБ тим на Скопскиот маратон

Објавено

на

Неуморноста и посветеноста дефинитивно се одлика на тимот на Комерцијална банка. Затоа и не изостанаа добрите резултати на маратонците од Банката на годинашниот Скопски маратон. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Шпаркасе Банка се стекна со сертификат „Фер финансиски услуги за потрошувачите“

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје се стекна со сертификат за „Фер финансиски услуги за потрошувачите“, кој го доделува Организација на потрошувачи на Македонија (ОПМ). Овој сертификат претставува потврда за мисијата на Шпаркасе Банка, која во својот работен фокус ги има своите клиенти и нивното задоволство во сите области на делување. (more…)

Продолжи со читање

Популарно