Connect with us

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје со известување за предвремена исплата на септемвриските пензии

Објавено

на

Имајќи ги во превид препораките и засилените мерки за заштита од ширење на COVID – 19, Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите клиенти-пензионери дека пензиите за месец септември од фондот на ПИОМ ќе бидат предвреме процесирани при што ќе се спроведе готовинска исплата во етапи, со цел да се намали концентрација на пензионери во филијалите и да се овозможи поголема заштита на оваа категорија клиенти.

Со пензиите за месец септември, клиентите ќе можат да располагаат од 28.09.2020 (понеделник), САМО преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.

Готовинската исплата на пензиите, за клиентите кои не користат картички, ќе се спроведе во 4 групи во сите отворени филијали на Банката, согласно следниот распоред составен според висината на нивната пензија:

  • До 11.000 денари на 28.09.2020 (понеделник);
  • 11.001-14.000 денари на 29.09.2020 (вторник);
  • 14.001-18.000 денари на 30.09.2020 (среда);
  • Над 18.001 денари на 01.10.2020 (четврток).

Потребно е клиентите да се придржуваат до овој распоред со цел успешно спроведување на исплатата и намалување на гужвите како и притисокот врз вработените. Од банката апелираат овие клиенти при посета на филијалата, пред се заради лична заштита, да поднесат и барање за изработка на дебитна картичка со што ќе бидат подготвени за следната пензија.

Банката повторно апелира до сите клиенти корисници на пензија да пристапат кон активно користење на дебитните картички и банкоматите со цел намалување на нивната потреба од користење на филијалите не само за оваа пензија туку и за пензиите кои следуваат додека траат мерките за заштита.

Воедно, од Стопанска банка АД – Скопје апелираат за разбирање од страна на останатите клиенти во овие неколку денови на процесирање на пензиите за поголема трпеливост и почитување на препораките за лична и колективна заштита.

Во филијалите влезот е ограничен на одреден број на клиенти и препорачуваме носење на маска/марама и сл., додека пред влезот препорачано е клиентите да се држат на растојание од 2м.

Домашни банки

ТТК Банка АД Скопје ја прошири мрежата на банкомати

Објавено

на

Со цел да овозможи подостапни услуги на корисниците,ТТК Банка АД Скопје ја прошири своjата мрежа на банкомати со поставување нови банкомати на две локации. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Известување од ЦКБ за исплата на средства на корисниците на парични права од социјална заштита за месец ноември

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје ги известува своите клиенти дека во насока на намалување на ризикот и заштита на здравјето на клиентите и вработените во Банката, средствата по основ на примања од социјални права за месец ноември ќе се исплатат во две групи. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Борут Вујчич нов член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка

Објавено

на

НЛБ Банка преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување односно Надзорниот одбор на Банката. (more…)

Продолжи со читање

Популарно