Connect with us

Домашни банки

Стопанска Банка АД Скопје со добивка од 1,8 милијарди денари за 9 месеци

Објавено

на

Во текот на деветте месеци во 2017 година, според билансот објавен на Македонска берза, Стопанска Банка АД Скопје прикажала добивка од 1.881.667.000 денари.

Пооделните ставки од билансот на успех ги регистрираа следните движења:

– Приходите од камати изнесуваат МКД 3.341.505 илјади, и истите се пониски за 0,7% во однос на третиот квартал од 2016 година

–  Расходите за камати изнесуваат МКД 575.122 илјади денари

–  Нето приходите од провизии и надомести забележаа пораст од 4,6% како резултат на порастот на провизиите за скоро 4% и истовремено намалување на расходите за провизии за 2,8%.

 – Нето приходите од курсни разлики реализираа намалување за 8,8% како резултат на намалените маргини кај курсните разлики, кои се придвижени од страна на меѓубанкарскиот девизен пазар и конкуренцијата.

–  Останатите приходи од дејноста забележаа пораст за МКД 114.447 илјади, додекаостанатите расходи од дејноста останаа релативно непроменети.

Анализата покажува дека како резултат на наведените параметри, заработката по акција за наведениот период од 2017 година изнесува МКД 107,74 поголема за 1,4% во однос на 2016 година. Нето добивката пред оданочување заклучно со 30.09.2017 изнесува МКД 1.881.167 илјади, што е повеќе за 1,4% споредено со истиот период од минатата година

Домашни банки

НЛБ Банка воведува Зелени кредити за проекти кои штедат енергија и ја заштитуваат животната средина

Објавено

на

НЛБ Банка Скопје во соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) воведува наменски кредити за енергетска ефикасност, односно Зелена кредитна линија составена од два продукта во вкупна вредност од два (2) милиони евра од Програмата за финансирање на зелена економија (GEFF), и тоа: Зелен потрошувачки кредит на износ до 25.000 евра и Зелен хипотекарен кредит на износ до 50.000 евра. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Брзо и сигурно плаќање со HalkPay, Вашиот мобилен паричник

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје со задоволство ги информира своите почитувани клиенти дека отсега HalkPay е достапен и со Visa картичките на Халкбанк. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје: Известување за неработен ден – 24.05.2022 (вторник)

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека по повод престојниот државен празник „Св. Кирил и Методиј“, филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат на 24.05.2022 (вторник). (more…)

Продолжи со читање


Популарно