Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје прослави 75 години од основањето со Гала концерт

Објавено

на

Како ретко која компанија на пазарот, Стопанска банка АД – Скопје прославува 75 години постоење и не само тоа, прославува 75 години вткаеност во растот, развојот, инфраструктурниот и индустрискиот напредок на националната економија.

Овој значаен јубилеј, беше повод Банката да организира за своите клиенти и соработници, Гала концерт подготвен од врвните македонски музичари Влатко Стефановски и Џијан Емин кои подготвија уникатно искуство за посетителите. Со нови оркестрации и преработки на добро познатите хитови од Влатко Стефановски, Џијан Емин го диригираше оркестарот и хорот на Националната Филхармонија на задоволство на присутните.

На настанот, свое обраќање имаа г. Диомидис Николетопулос, Генерален извршен директор на Стопанска банка АД – Скопје како и г. Пол Милонас, Генерален извршен директор на NBG Групацијата кои се осврнаа на историјата на Банката, нејзината значајна улога во банкарскиот сектор но и во економијата пошироко, а секако дадоа свои прогнози и планови за перпективите на државата но и за иднината на Банката во рамки на Групацијата.

Според г. Николетопулос, Банката е и продолжува да биде здрава банка, со цврста основа и одлични перформанси, со развиена корпоративна култура и одлично корпоративно управување, прудентно управување со ризиците, динамична и отворена Банка за соработка со клиентите. За ова да биде остварливо посебно сме благодарни на клиентите за нивната доверба, на вработените сегашни и минати за вложениот труд и посветеност и на NBG групацијата која несебично вложува во создавање на современа Банка секогаш подготвена за барањата и потребите на клиентите”.

Според г. Милонас, Стопанска банка ја дели визијата на NBG групацијата да биде прв избор за банка за клиентите испорачувајќи соодветен совет за остварување на своите планови и амбициии. Што се однесува до односот на NBG групацијата кон Банката, можам да кажам дека ќе продолжиме да ги фокусираме своите активности во Стопанска банка со цел Банката да биде регионален хаб за активностите на Групацијата и во регионот”.

Оваа централна прослава е само дел од активностите на Банката за одбележување на значајниот јубилеј. Следуваат повеќе активности со кои Банката ја потенцира и својата хумана страна преку донациите и кампањите со кои се адресираат предизвиците на современото општество.

Домашни банки

Пакомак ја додели наградата за НАЈ еко градоначалник

Објавено

на

Придонесот кон екологијата и чистата околина обично се наградува со поздраво и подобро место за живеење, но понекогаш тоа може да донесе и многу повеќе. Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, го освои второто место во конкурсот за Нај еко градоначалник за 2018 година, а Пакомак и Шпаркасе Банка Македонија ја наградија неговата општина со ново детско игралиште. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Јавен повик за учество на Собрание на акционери на Стопанска банка а.д. Битола

Објавено

на

Врз основа на членовите 48 и 49 од Статутот на Стопанска банка а.д. Битола, а согласно Одлуката на Надзорниот одбор од 31.01.2019 година за свикување на Собрание на акционери, СТОПАНСКА БАНКА а.д. БИТОЛА

објавува ЈАВЕН ПОВИК

за учество на Собрание на акционери на Банката (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ПроКредит Банка и ЕБОР го поттикнуваат финансирањето на малите и средните бизниси во земјава

Објавено

на

Македонските мали и средни претпријатија ќе имаат придобивка од приклучувањето на ПроКредит Банка (ПКБ) во иницијативата на ЕБОР, како четврта банка која ќе го поттикнува кредитирањето на приватните мали и средни претпријатија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange