Connect with us

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје пример за останатите банки: Менаџерскиот тим дополнет со лојални вработени

Објавено

на

Менаџерскиот тим на Стопанска Банка АД – Скопје се прошири со нови раководни лица.

Михаела Атанасова Стоичовска, Емилија Стојанова Ивановска, Александра Тасева и Јулијана Прошев се новоименувани директорки на Стопанска Банка АД – Скопје. Новите директорки имаат една заедничка карактеристика, а тоа е лојалноста која ја имаат кон својата банка.

„Не радува фактот што можеме да ги најавиме новоименуваните #Директорки кои секоја во својата област придонесувале и ќе придонесат за развојот на Банката повеќе години”, со гордост велат од Стопанска Банка АД – Скопје.

Александра Тасева е именувана за Заменик директор на Сектор за внатрешна ревизија и таа има најдолг работен стаж, бидејќи веќе 18 години е дел од успешниот тим на Стопанска Банка АД – Скопје.

Емилија Стојанова Ивановска е именувана за Директор на Сектор за управување со ризици и веќе 16 години ја создава својата успешна приказна во банката.

Јулијана Прошев е именувана за Заменик директор на Сектор за сметководство и веќе 15 години е дел од #СТБтим.

Михаела Атанасова Стоичовска е именувана за Директор на Сектор за управување со кредитен ризик и 9 години е дел од #СТБтим.

„Потенцијалот, вложениот труд, желбата за подобрување на перформансите, поддршката од тимот како и постоење на систем во кој може да се напредува, се предусловите кои го овозможуваат нашиот кариерен развој.”, велат од банката.

Од Стопанска Банка АД – Скопје се горди на своите колешки, кои со новите позиции пред се добиваат признание за досегашните постигнати резултати, но добиваат и обврска и одговорност да продолжат да го развиваат човековиот потенцијал во своите тимови и да создаваат нови успешни приказни.

„Создаваме можности за нашите вработени да стекнат знаење и искуство кое потоа ќе ги изгради во компетентни кадри со кои се гради одржлива иднина за Банката. Веруваме во силата на нашите вработени и се гордееме што менаџерскиот тим има родово балансиран состав, што е уште една општествена придобивка”, нагласуваат од Стопанска Банка АД – Скопје.

Депозити

Колку заштедивте летово? Сега е моментот – 2% фиксна каматна стапка за орочени депозити во ПроКредит Банка

Објавено

на

Летната сезона е момент кога сакаме да се релаксираме, кога трошоците ни се предвидени за уживање, но секогаш е добредојдено да испланирате и сигурна заштеда за иднината! (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

„Поетска ноќ во Велестово“ по 34-ти пат со поддршка од Комерцијална банка

Објавено

на

Комерцијална банка е долгогодишен пријател и поддржувач на македонското културно творештво со цел не само негово промовирање, туку и негување и создавање идни културни дејци. Во духот на оваа општествено одговорна мисија, Банката и оваа година го поддржа одржувањето на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово”. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

„За повеќе детски насмевки“ – нова заедничка соработка на Шпаркасе Банка и СОС Детско село

Објавено

на

По повод 19 август – Светскиот ден на хуманоста, Шпаркасе Банка ја најавува новата соработка со својот долгогодишен партнер – СОС Детско село и заедничката кампања под мотото „За повеќе детски насмевки“, која ја пренесува силната порака за моќта на поврзувањето и градењето силни врски на доверба и поддршка, кои му се потребни на секое дете за да прерасне во силна индивидуа. (more…)

Продолжи со читање


Популарно