Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје по втор пат во Скопје, преку ТОПСИ Бус кампања во борба за подобра животна средина, почист воздух и колективни здрави навики

Објавено

на

Борбата за подобра животна средина, почист воздух и колективни здрави навики се води долгорочно и од страна на разновидни учесници во општествениот живот. Па така, Стопанска банка АД – Скопје покрај промоцијата на велосипедизмот и другите чисти форми на транспорт преку #ВозиПравоВозиЗдраво веќе втора година со #ТОПСИБус кампањата промовира и користење на јавниот транспорт посебно во зимските месеци кога загадувањето е поголемо, а поради временските услови помал е бројот на велосипедисти во градот.

Користејќи го прогресивниот изглед и начин на комуникација на ТОПСИ, брендот со кој Банката ги приближува своите производи и услуги до помладите генерации, брендирани се повеќе автобуси и автобуски станици на начин што ги прави интерактивни и забавни за побрзо да помине времето на чекање на автобуската линија, но и со пораки кои потсетуваат на предностите на користење на јавниот превоз.

Секако, за поголема интеракција, Банката преку социјалните мрежи (Twitter, Facebook и Instagram) ги повикува граѓаните да ги посочат сопствените причини поради кои користат јавен превоз и со тоа да можат да добијат картички за бесплатно возење во градските автобуси.

Стопанска банка АД – Скопје продолжува со третата недела од предизвикот #ТОПСИБус кој гласи:

“Твитни ни причина повеќе зошто се возиш во #ТОПСИБус и добиј (или со ping подари некому) картичка со 12 гратис возења”.

Банката објавува листа на добитници секоја среда 🙂 #TOPSI #ЧистВоздухЧистиУлици

Домашни банки

НЛБ Банка спонзор на настанот “5.FMCG SUMMIT Скопје 2019”

Објавено

на

НЛБ Банка е спонзор на настанот “5.FMCG SUMMIT Скопје 2019”, кој се одржува денес (16.05) и на едно место ги обедини трговците, дистрибутерите и производителите за да ги слушнат новитетите од најзначајните домашни, регионални и светски авторитети во FMCG секторот. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Добивката на Стопанска банка АД-Скопје намалена за неверојатни 42,9%

Објавено

на

Во периодот од 01.01.2019 до 31.03.2019 година Стопанска банка АД – Скопје (во натамошниот текст: СБ) оствари нето добивка пред оданочување во износ од 599.895 илјади денари, што претставува намалување за 42,9% споредено со нето добивката остварена во анализираниот период минатата година. Намалениот резултат во тековниот период се должи на ефектот од решениот статус на должникот Фени Кавадарци во првиот квартал од 2018, кога СБ склучи договор за продажба на своите побарувања со што во билансите на Банката беше евидентирано ослободување на исправката на вредност и истото имаше соодветен ефект врз остварениот финансиски резултат, објави банката преку соопштение на Македонска берза. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Работилница со ПроКредит Банка: Важноста на комуникациските вештини во процесот на селекција при вработување

Објавено

на

Важноста на комуникациските вештини при вработување е особено голема во модерното и динамично општество поради се поголемата конкуренција на пазарот на трудот. (more…)

Продолжи со читање
Unibanka_banner_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange