Домашни банки
Милијардерски профит – Стопанска банка АД Скопје одбележа уште една одлична деловна година


Стопанска Банка АД Скопје оствари уште една успешна година во услови на големи предизвици на домашен и меѓународен план, политички нестабилен амбиент, значајна конкуренција и услови на историски најниски каматни стапки.
Деловната политика на Банката, воспоставениот систем на следење и управување со ризиците, високата доверба на клиентите рефлектирана преку високата ликвидност и стабилност на Банката овозможија добивката пред оданочување да изнесува МКД 2,283,732 илјади, што е пониска за 8.8% споредено со истиот период од минатата година, но сепак претставува резултат на високо завидно ниво. Останатите показатели од работењето ги остварија следните поместувања:
- Приходите од камати изнесуваат МКД 4,430,735 илјади и истите се пониски за 2.1% во однос на 2016 година;
- Расходите за камати изнесуваат МКД 753,373 илјади и се пониски за МКД 136,146 илјади;
- Приходите од провизии и надомести изнесуваат МКД 1,076,297 илјади и забележаа пораст од 2.25%, додека расходите за провизии и надомести остварија намалување од 6.4%;
- Нето приходите од курсни разлики изнесуваат МКД 107,673 илјади и се пониски од предходната година за 6.3% како резултат на намалените маргини кај курсните разлики;
- Останатите приходи од дејноста изнесуваат МКД 529,022 илјади и забележаа пораст за МКД 190,368 илјади, додека останатите расходи од дејноста останаа релативно непроменети.
Во текот на 2017 година СБ издвои исправка на вредност на финансиските средства во износ од МКД 932,144 илјади, што е повеќе за МКД 441,170 илјади во однос на истиот период од минатата година.
Загубата поради оштетување на нефинански средства изнесува МКД 110,306 илјади.
Трошоците за вработените останаа релативно непроменети и истите изнесуваат МКД 801,066 илјади.
Заработката по акција за 2017 година изнесува МКД 117.07 и е пониска за 8.7% во однос на 2016 година.
Стопанска Банка АД Скопје и во текот на 2017 година продолжи со своите активности како општествено одговорна компанија и воспостави традиција во организирање на настаните кои станаа нејзин заштитен знак најмногу поради тоа што се многу добро прифатени од пошироката јавност. Така, и во текот на оваа година се организираа настаните: “Вози здраво вози право”– по трет пат, со цел да се истакнат предностите од употребата на велосипедите како еден фактор во здравите навики и секојдневното живеење, настанот “Мудрости- Радости” посветен на почетокот на учебната година со цел да се акцентира важноста на образовниот процес, како и настанот “ Сонуваме-менуваме” посветен на децата со попреченост во развојот и нивната инклузија во сите сфери на општественото живеење.
Стопанска Банка АД Скопје продолжува со својата мисија – Банка со најдолга традиција, но истовремено и модерна, современа банка, посветена на иновациите со цел да им овозможи на своите клиенти производи и услуги компатибилни со оние кои се присутни на меѓународно ниво.
Депозити
Колку заштедивте летово? Сега е моментот – 2% фиксна каматна стапка за орочени депозити во ПроКредит Банка


Летната сезона е момент кога сакаме да се релаксираме, кога трошоците ни се предвидени за уживање, но секогаш е добредојдено да испланирате и сигурна заштеда за иднината! (more…)
Домашни банки
„Поетска ноќ во Велестово“ по 34-ти пат со поддршка од Комерцијална банка


Комерцијална банка е долгогодишен пријател и поддржувач на македонското културно творештво со цел не само негово промовирање, туку и негување и создавање идни културни дејци. Во духот на оваа општествено одговорна мисија, Банката и оваа година го поддржа одржувањето на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово”. (more…)
Домашни банки
„За повеќе детски насмевки“ – нова заедничка соработка на Шпаркасе Банка и СОС Детско село


По повод 19 август – Светскиот ден на хуманоста, Шпаркасе Банка ја најавува новата соработка со својот долгогодишен партнер – СОС Детско село и заедничката кампања под мотото „За повеќе детски насмевки“, која ја пренесува силната порака за моќта на поврзувањето и градењето силни врски на доверба и поддршка, кои му се потребни на секое дете за да прерасне во силна индивидуа. (more…)
- Останатопред 4 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Кредитипред 3 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Депозитипред 2 months
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 2 months
Ова лето можеш сè
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје