Домашни банки
Стопанска банка АД – Скопје од утре (4.8.2022 година) започнува со исплата на паричните средства за социјална, детска и цивилна заштита

Стопанска банка АД – Скопје ги информира своите почитувани клиенти дека на 04.08.2022 (четврток) ќе се изврши процесирање на паричните средства за социјална, детска и цивилна заштита, при што за клиентите – корисници на дебитни картички, средствата ќе бидат веднаш достапни за располагање САМО во трговија и на банкоматите.
Додека, готовинска исплата во филијалите на Банката ќе се изврши етапно на 4-ти август (четврток) и 5-ти август (петок) 2022 година, со строго дефиниран редослед по азбучен ред и тоа според почетната буква од презимето:
- 04.08.2022 (четврток) исплата за А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ; (презиме)
- 05.08.2022 (петок) исплата за М, Н, Њ, О, П, Р, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш; (презиме)
Потребно е клиентите да се придржуваат до овој распоред со цел успешно спроведување на исплатата и намалување на гужвите како и притисокот врз вработените. Од Стопанска банка АД – Скопје апелираат овие клиенти при посета на филијалата, пред се заради лична заштита, да поднесат и барање за изработка на дебитна картичка со што ќе бидат подготвени за подигнување на нивните средства следниот месец.
Клиентите кои ќе ги посетат филијалите на Стопанска банка АД – Скопје, од банката апелираат да ги следат следните препораки:
- Доследно запазување на редоследот на исплата по датум и азбучен ред
- Користење на маски или марами и да се одржува меѓусебно растојание од најмалку 2 метри.
Домашни банки
Халкбанк ги зголеми платите на своите вработени во просек за 14%

Халкбанк АД Скопје изврши генерално покачување на платите на сите, над 700 вработени во банката на ниво на просек од 14%, со што најзначително се влијае на пораст на најниската плата во банката. Со ова Банката уште еднаш ја потврди својата грижа за обезбедување континуиран развој и мотивација на вработените кои се еден од главните чинители на успешното работење на банката. (more…)
Домашни банки
Капиталните инвестиции и кредитниот раст во главен фокус на Стопанска банка АД – Скопје

Со раст на нето-добивката, силна кредитна поддршка на населението и на бизнис-секторот, како и со раст на бројот на клиенти и депозити, Стопанска банка АД-Скопје успешно ја заокружи 2022 година. Постигнатите високи резултати во работењето се продолжение на континуираниот раст на Банката и на силната посветеност кон клиентите, вработените и заедницата во целост. (more…)
Домашни банки
Преку нејзиниот докажан бизнис модел базиран на стабилни фундаменти, Стопанска Банка “изброи” 42,5 милиони евра добивка за 2022 година

Во согласност со неревидираните финансиски извештаи на Стопанска Банка АД-Скопје (во натамошниот текст: СБ или Банката) со пресечен датум 31.12.2022 година, добивката пред оданочување на Банката изнесува 2.617.019 илјади денари, односно незначителни 4% под нивото остварено минатата година. Истовремено, остварената добивка пред оданочување и исправка на вредност изнесува 3.851.117 илјади денари, што претставува зголемување за 10% во однос на 2021 година. Со тоа, Банката го задржува долгогодишниот континуитет на постигнати успешни финансиски резултати засновани на стабилни фундаменти, прудентен пристап кон ризиците, докажан бизнис – модел, силна капитална позиција и добро корпоративно управување. Успешното работење е остварено во услови на органски раст на активата на Банката која на крајот на годината изнесува 122.848.627 илјади денари, што претставува раст од 8% во однос на 2021 година. На тој начин, Банката го продолжува перманентиот раст на нејзините бизнис – активности во согласност со својата деловна стратегија. (more…)
- Анализипред 2 days
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 1 month
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка воведе услуга за електронска идентификација на клиенти без посета на шалтер