Connect with us

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје од утре започнува со предвремена исплата на февруарските пензии

Објавено

на

Имајќи ги во превид препораките и мерките за заштита од ширење на COVID – 19, Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите клиенти пензионери дека пензиите за месец февруари од фондот на ПИОМ ќе бидат предвреме процесирани при што ќе се спроведе готовинска исплата во етапи, со цел да се намали концентрација на пензионери во филијалите и да се овозможи поголема заштита на оваа категорија клиенти.

Со пензиите за месец февруари, клиентите ќе можат да располагаат од 24.02.2022 (четврток), САМО преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.

Готовинската исплата на пензиите, за клиентите кои не користат картички, ќе се спроведе во 4 групи во сите отворени филијали на Банката, согласно следниот распоред составен според висината на нивната пензија:

  • До 11.000 денари на 24.02.2022 (четврток)
  • 11.001-14.000 денари на 25.02.2022 (петок)
  • 14.001-18.000 денари на 28.02.2022 (понеделник)
  • Над 18.001 денари на 01.03.2022 (вторник)

Потребно е клиентите да се придржуваат до овој распоред со цел успешно спроведување на исплатата. Од Стопанска банка АД – Скопје апелираат овие клиенти при посета на филијалата, пред се заради лична заштита, да поднесат и барање за изработка на дебитна картичка со што ќе бидат подготвени за следната пензија.

Банката повторно апелира до сите клиенти корисници на пензија да пристапат кон активно користење на дебитните картички и банкоматите со цел намалување на нивната потреба од користење на филијалите не само за оваа пензија туку и за пензиите кои следуваат додека траат мерките за заштита.

Воедно, од Банката апелираат за разбирање од страна на останатите клиенти во овие неколку денови на процесирање на пензиите за поголема трпеливост и почитување на препораките за лична и колективна заштита.

Во филијалите влезот е ограничен на одреден број на клиенти и задолжително е носење на маска/марама и сл., додека пред влезот препорачано е клиентите да одржуваат растојание од 2м.

Домашни банки

Се појави лажна Facebook страница под името на Шпаркасе Банка

Објавено

на

На „Facebook” е забележана ЛАЖНА Facebook страница под името на Шпаркасе Банка која ги бара Вашите лични податоци за понатамошна злоупотреба! ШПАРКАСЕ БАНКА А.Д Скопје ги известува своите клиенти дека нема никаква поврзаност со тоа и ова е единствениот и официјален профил на банката. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

“Social Friday” во организација на Синдикатот на финансиски организации на Македонија

Објавено

на

Колегите од синдикалните организации на Халкбанк АД Скопје, Комерцијална Банка АД Скопје , Шпаркасе Банка , Стопанска Банка а.д. Скопје, Стопнаска Банка АД Битола, Агенција за Супервизија на Осигурувањата, Фулм и Силк Роад Банка решија да направат позитивни промени и заедно да придонесат кон подобрување на општеството. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Извлечени среќните добитници во големата наградна игра „НЛБ за млади“

Објавено

на

НЛБ Банка ги извлече среќните добитници во големата наградна игра за станбени кредити „НЛБ за млади“. Педесет (50) клиенти, на возраст до 40 години, на кои во периодот од 1 март до 31 мај годинава им се одобри станбен кредит од НЛБ Банка се среќни добитници на парична награда на износ од 20.000 денари. Средствата ќе бидат уплатени на сметката на одобрениот НЛБ Станбен кредит за кој добитникот на наградата аплицирал во промотивниот период. (more…)

Продолжи со читање


Популарно